Македонија
Арсовски: Зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Јанева?
Истрагата за случајот „Рекет“ се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој праша зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.
„Зошто сè уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?“, рече Арсовски.
Тој праша и до каде е истрагата за Кики и Фрики, како и дали е вистина дека тие имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев.
Арсовски додаде дека премиерот Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио. Напротив, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Во 19.35 часот сообраќајот на патниот правец Р1305 Битола – Демир Хисар е нормализиран, извести АМСМ.
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, беше во прекин сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци.
Македонија
Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите
Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопшти партијата.