Свет
Гваидо ќе ги бојкотира предвремените избори во Венецуела

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, порача дека политичките противници на претседателот Николас Мадуро нема да учествуваат на какви било предвремени избори што ќе бидат распишани.
Во интервју за агенцијата АП, Гваидо рече дека спроведувањето избори додека Мадуро е на власт би било фарса.
Актуелната власт во Венецуела најави дека ќе бидат распишани парламентарни избори на почетокот од следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија Кан и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ниту Тел Авив сè уште официјално не ги коментирале тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.
Европа
Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков.
Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 мај и на 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.
Сепак, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој Украина се залага со поддршка од Западот. Русија вели дека сака конечно решение, а не само пауза во борбите, и инсистира на територијални и други барања за кои Украина вели дека би значеле капитулација.
Конфликтот се интензивира во последните неколку недели, при што Русија изврши некои од своите најтешки воздушни напади во војната, а Украина користеше беспилотни летала за да ги изненади воздушните бази и ѝ нанесе голема штета на руската флота бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.