Македонија
Владата: ТВ „Алфа“ објави медиумска содржина во спротивност на Кодексот на новинарите
Владата ја оценува како сериозно наштетување на професионалните медиумски стандарди и како нарушување на угледот на новинарската професија постапката на ТВ „Алфа“, која во отворена контактна програма поставува прашање „Зошто Владата на Заев се однесува педерски кон Србија?“, со што директно се повредени членовите 10 и 11 од Кодексот на новинарите, кои наложуваат дека новинарот нема свесно да создава, ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) и дека новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности“.
Владата смета дека, за жал, ваквата програмска содржина е директно насочена против градењето добрососедски односи со соседна Србија и против традиционалното пријателство меѓу народите на двете земји.
Во исто време Владата очекува јавна реакција од новинарските здруженија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за ваквата постапка на ТВ „Алфа“ како чин спротивен на утврдените професионални и етички стандарди и принципите што произлегуваат од Кодексот на новинарите.
„Во Република Северна Македонија значајно се подобрени условите за медиумско информирање, при што констатиран е напредок во слободата на медиумите според светските ранг-листи. Но, во исто време сведоци сме на многу дезинформации, лажни вести и злонамерна пропаганда за кои се надеваме дека саморегулаторните тела на професијата ќе реагираат соодветно.
За Владата, слободата на говор е основна вредност на демократијата. Медиумите се четвртата власт што треба да работи во интерес на граѓаните, да ги контролира извршната власт, судството и законодавната власт и да ги изложува политичарите пред судот на јавноста. Истовремено, медиумите имаат и голема одговорност да известуваат објективно и професионално. Неодговорните медиуми ѝ штетат на демократијата, а граѓаните тоа порано или подоцна го препознаваат“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.