Контакт

Соопштенија

Трипуновски: Владата молчи за милионскиот долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците

Објавено пред

Втор ден молк од МЗШВ и Владата на Република Македонија во врска со 65-те милиони евра долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Додека земјоделците чекаат исплата на субвенции, откупот и пласманот е катастрофално лош. Земјоделецот е оставен без никакви средства за егзистенција, а власта наместо да им помогне им се заканува и ги заплашува земјоделците, коишто си ги бараат ветените и заслужени субвенции. Ситуацијата е алармантна. Заев не успеа да ги исплати ниту редовните субвенции, ниту дополнителните мерки коишто требаше да ја ублажат загубата што ја претрпуваат земјоделците од цела Република Македонија. Нема ништо од дополнителнителната субвенција од 1 денар којашто им ја ветија на лозарите од Тиквешијата, трите денари на јаболкарите од Ресенско сè уште ги чекаат, производителите на познатата пиперка ајварка си уште си ги чекаат своите три денари по килограм продаден род, исто како и сливарите од повеќе региони во државата, оризарите од Кочанскиот Регион сè уште ги чекаат ветените 5 денари за продаден килограм ориз, исто така и мелничарите, млекопроизводителите, сточарите и сите други земјоделци се излажани од оваа власт си ги чекаат редовните и дополнителните субвенции“, рече тој.

Веќе три години, додаде Трипуновски,  земјоделците се соочуваат со намалени приходи и егзистенција што е под знак прашалник. Откуп нема, кога го има цените се ниски, а субвенциите не се исплаќаат.

„Господине Заев како мислите дека земјоделците може да преживеат со своите семејства? Дали знаете дека земјоделците не го продаваат својот род, напротив го предаваат, со цел да обезбедат минимални средства за егзистенција на своите семејства.
Господине Заев ги донесовте до просјачки стап земјоделците, а за тоа ќе одговарате пред граѓаните на наредните предвремени парламентарни избори. Затоа истите треба да се случат час поскоро, затоа што е потребна обнова на Македонија“, рече тој.

Соопштенија

Нептун со најголемиот Black Friday досега!

Објавено пред

Нептун, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, е подготвен да ги воодушеви своите клиенти со најголемите попусти досега за Black Friday!

dobivaj vesti na viber

До 02ри декември, посетителите ќе имаат можност да уживаат во: неверојатни попусти на широк асортиман производи, до 60 рати со haPPy инстант кредитот, ограничени количини за најдобрите понуди – затоа побрзајте!

“Black Friday е нашата шанса да ги наградиме нашите клиенти со цени кои не можат да се одбијат. Оваа година ветуваме уште поголема понуда и најдобра шопинг авантура. Не пропуштајте ја можноста да купите врвна техника и брендови по најдобри цени. Ајде во Нептун! и откријте зошто сме број еден избор на пазарот.” изјавија од Нептун. Посетете ги продавниците на Нептун или купувајте онлајн на www.neptun.mk.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO-прозорци

Објавено пред

Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, LittleAmerika ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на РЕХАУ Македонија, ARTEVO.

dobivaj vesti na viber

Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, LittleAmerika почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност. Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените.

Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, ARTEVO.

Можностите на ARTEVO се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. ARTEVO е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на LittleAmerika договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

Современиот станбено – деловен комплекс LAShoppingandliving ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.

Извонредната топлинска изолација која ја обезбедува прозорскиот систем ARTEVO соодветствува на определбата на инвеститорот да изгради енергетско ефикасен комплекс.

Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот ARTEVOго користи иновативниот материјал со високи перформанси RAU-FIPRO X – компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m.

Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во новите станови.

Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме “rooftop”-от на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.

За да се запознаете со предностите при користењето на ARTEVOпосетете ја нашата страница – https://window.rehau.com/mk-mk/gradeznistvo/artevo

Како треба да изгледа комплекстот LittleAmerika и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/

Инвеститор: Тиквеш Инвест Дооeл, Кавадарци

Архитектонско биро: Студио К2 Архитекти Доо Скопје, архитект: Крсте Петров, диа

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова категорија во образованието: Колеџот NU за средношколци почнува со уписи на првата генерација млади дизајнери, програмери и инфлуенсери

Објавено пред

Успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови се главните карактеристики на NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ). NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери.

dobivaj vesti na viber

NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места.

NU Колеџот е дел од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“ (Brainster) кој го прошири своето портфолио и ја преточи својата експертиза кон средношколците креирајќи нови и револуционерни програми кои ќе го надополнат образованието стекнато во средно училиште со релевантни вештини и практично искуство.

Практичните програми на NU Колеџот за средношколци траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела. Фокусирани се на истражување и откривање на потенцијалот и интересите на средношколците, што е неопходно за тие да бидат сигурни во понатамошниот избор на студии и кариера. Преку уникатниот практичен пристап „креирај, па учи“, средношколците ќе навлезат во еден нов свет на работа на реални проекти за вистински компании и ќе научат како да заработуваат уште во средно.

Доколку ова до сега изгледа привлечно, еве конкретно како секој средношколец може да дојде до посакуваната кариера. Секоја програма е осмислена за да ги поврзе младите со модерните технологии и релевантните вештини за пазарот на труд, поконкретно:

Веб програмирање x AI: За да им овозможи да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и со нив да ги претворат идеите во профитабилни проекти.

Графички дизајн x AI: За да научат да создаваат визуелно привлечни и професионални дизајни, од логоа и постери до целосни бренд идентитети за реални брендови.

Инфлуенсер маркетинг x AI: За да станат инфлуенсери и дигитални креатори штом научат како да создаваат дигитални содржини за реални брендови и продукти и како да заработуваат од нив.

Тимот од искусни ментори, експерти во својата област, ќе ги надмине традиционалните наставни методи и ќе го направи учењето интерактивно и инспиративно. Методологијата на учење е заснована на вештачка интелигенција (AI) и гарантира релевантност на стекнатите вештини и знаења на подолг рок.

„NU Колеџот го создадовме за да го редефинираме искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование. Имаме акумулирано знаење, искуство и уникатна методологија на учење и токму затоа чувствуваме должност да го пренесеме тоа на младите и со тоа да го промениме нивниот начин на размислување кога ќе се спомене образование“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, а сега и на NU колеџот за средношколци.

Стекнатото практично искуство не е единствената предност на NU Колеџот, додава Ниновски. Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование, изработени по рамката на ЕКТС акредитација. Тимот на NU моментално работи на остварување соработки со врвни универзитети од соседството и од Европа, односно на обезбедување конкурентска предност при упис таму на средношколците кои ќе завршат успешно некоја од NU програмите.

„Програмите се засновани на 80% практична работа на реални проекти. Практичното искуство ќе развие претприемачки начин на размислување и ќе ги подготви средношколците за претстојниот академски и кариерен пат. Ние веруваме во учење преку работа и дека нашите средношколци можат многу повеќе и затоа на NU ќе научат да заработуваат преку својот труд, знаење, идеи и проекти“, појаснува Ниновски.

Програмите се достапни за учење од училница или online.

Сите заинтересирани средношколци можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија4 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија5 часа

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија6 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија6 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија8 часа

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа9 часа

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет10 часа

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет10 часа

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет10 часа

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет10 часа

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија1 ден

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија1 ден

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 ден

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија1 ден

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 ден

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија1 ден

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија1 ден

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...