Македонија
Заев им порача на амбасадорите: Максимален фокус кон историската шанса во октомври

Премиерот, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје.
На состанокот на тема, „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија во пресрет на Советот на ЕУ во октомври“, премиерот пред присутните амбасадори и дипломати изрази очекување дека ЕУ ќе ги вреднува постигнатите резултати на земјава, на внатрешен и надворешен план.
„Шансите да ја добиеме долго очекуваната позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ се реални, а тоа ќе биде силна мотивација за граѓаните, институциите и за државата да продолжат да чекорат напред кон современиот свет“, порача Заев додавајќи дека бенефитите за граѓаните од интеграцискиот процес со НАТО и придвижувањата во европските интеграции веќе се чувствуваат.
Тој нагласи дека владата ги создадала сите услови за функционирање на правната држава и изрази очекување за ефикасна правосудна разврска на сите случаи поврзани со сомневања за корупција, вклучително и на случајот „Рекет“.
„Исто така очекувам со двотретинско мнозинство да биде изгласан и Законот за јавно обвинителство, за што се водат посветени разговори со опозицијата, да се обезбеди потребниот консензус. Затоа апелирам за внимателност, стручност и посветеност во една од најважните години за перспективите на Република Северна Македонија“, рече премиерот.
На состанокот се обратија и вицепремиерот Османи и домаќинот, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, посочувајќи на одлуката за почеток на пристапните преговори на нашата држава со ЕУ, како клучен приоритет во евроинтеграцискиот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.