Свет
Украинскиот режисер осуден за тероризам во Русија префрлен во Москва
Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов, осуден во Русија за заговор за терористички напади на Крим, е префрлен во Москва од казнената колонија во Лабитнанги, во автономниот регион Јамало-Ненец, за да биде разменет, изјави за ТАСС извор запознаен со ситуацијата.
„Сенцов е префрлен во Москва од колонијата Лабитнанги и однесен во притворен центар“, вели изворот без да наведе детали.
Меѓутоа, адвокатот на Сенцов, Дмитриј Динзе, изјави за ТАСС дека не е запознат со плановите за размена на неговиот клиент за Руси затворени во Украина.
Минатата недела украинските медиуми објавија дека Киев и Москва имаат намера да извршат размена на затвореници врз основа на формулата „33 за 33“. Рускиот омбудсман за човекови права, Татјана Москалкова, го посети Киев пред неколку дена, но нејзината агенда остана нејасна.
На 25 август 2015 година воениот суд на Русија во Северен Кавказ го осуди Олег Сенцов на 20 години затвор под обвинение за организирање терористичка група во Крим. Во пролетта 2014 година членовите на групата извршија два терористички напади во Симферопол, запалувајќи ги канцелариите на руската заедница на Крим и огранокот на партијата „Обединета Русија“. Според истрагата, тие планирале и други терористички напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

