Македонија
Спасовски: Со Албанија заеднички работиме за развој на Пустец и неговата област
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со заменик-министерот, Агим Нухиу, и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денес, во Пустец, соседна Албанија, се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај, како и градоначалникот на Пустец, Пали Колевски, и пратеникот во албанскиот парламент од овој крај, Васил Штериовски.
Заблагодарувајќи му се на градоначалникот на Пустец за иницијативата за организирање на средбата, министерот Спасовски потенцира дека унапредувањето на безбедноста како основа за развој на државите е од заеднички и примарен интерес и за Северна Македонија и за Албанија.
Тој особено ја нагласи иницијативата за интегриран пристап во работењето на граничниот премин Ќафасан во насока на олеснување и динамизирање на протокот на луѓе и стоки преку овој граничен премин, кој би функционирал по принципот One stop shop.
„За мене како заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и како министер за внатрешни работи, пораката што денес ја испраќаме токму од овде во Пустец, општина која е мост меѓу Македонија и Албанија, не е само порака за добрососедските односи, туку и порака за заедничка поддршка за развој на оваа област“, истакна Спасовски во својата изјава по работната средба со својот албански колега Лешај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

