Македонија
Хуманитарна праскијада во Градскиот парк

Денеска со почеток во 10 часот во Градскиот парк во Скопје на Школка, добитникот на Наградата за младинско учество на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Блаже Јосифовски, со поддршка од Сите сити, ќе ја организира првата хуманитарна „Праскијада 2019“, со цел да обезбеди 20.000 оброци за социјално загрозените граѓани во државата.
Со оваа хуманитарна акција воедно се дава поддршка на локалните фармери во регионот на Росоман, каде фармерите се соочуваат со потешкотии при откупот на праски.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат разновидни производи од праска, како торти, компот, и слатко, во замена за нивна донација. Овие производи ќе ги подготват учениците од државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски”– Скопје во соработка со тимови од неколку угостителски објекти од градот како „Мериот“, „Јавна соба“, „Сквиз ми“, „Ресторан Амбрела“, и компанијата „Витаминка“.
Собраните средства од производите од праска, ќе се искористат за обезбедување на оброци за 20.000 социјално загрозени семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).