Македонија
Дијалог за продлабочување на децентрализацијата и функционалноста на општините
Во организација на Министерството за локална самоуправа вчера и денеска во Маврово, претставници на ЗЕЛС, градоначалници, претставници на надлежни министерства и експерти разговараа за процесот на децентрализација и за подобрувањето на функционалноста на општините.
Заеднички беше заклучокот дека процесот на децентрализација повеќе од една деценија стагнира, за што зборува големата финансиска зависност на локалната самоуправа од централната власт, особено на помалите и на руралните општини и е потребен дополнителен трансвер на средства од буџетот на државата за да можат да се превземат нови надлежности, но исто така беше констатирано дека општините покажуваат низок фискален капацитет и недоволна ангажираност во собирањето на приходите од локалните даноци и такси.
-Денеска сме овде за да го продолжиме дијалогот меѓу централната и локалната власт за промените кои што се неопходни. Едно од најважните прашања е дали надлежностите што сега се утврдени во Законот за локална самоуправа општините ги остваруваат во полн капацитет, кои се тие надлежности за кои што има потреба и услови да бидат дополнително пренесени и како сегашниот систем на финансирање да биде редизајниран на начин кој што нема да создава дополнителен финансиски и развоен јаз меѓу општините, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
-Нужни се промени во надлежностите и во начинот на финансирање на општините затоа што во спротивно проблемите ќе треба да се решаваат со нова територијална организација, рече претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов кој што истакна дека ЗЕЛС се залага за зголемување на приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, средства од игрите на среќа, пренесување на нови надлежности и установи во областа на превентивнта здравствена заштита, социјалната заштита, во областа на културата, управувањето со земјоделското земјиште, комунални редари со поголеми овластувања, издавање на документи од матичната евиденција, подобрување на функциите на противпожарната заштита, како и надминување на преклопувањето на надлежности меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.
Дијалогот меѓу централната и локалната власт го поздрави и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.
На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

