Црна хроника
Teпачка помеѓу четворица соседи, подоцна се пресметале и членовите на нивните семејства
Две групи синоќа се степале на улицата „Волт Дизни“ по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи, соопшти МВР.
Имено, како што јавуваат од полицијата, дошло до меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна. Во 21.30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка меѓу малолетнички во училишен двор во Чаир: настанот бил објавен на социјалните мрежи
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Црна хроника
Повредено момче: малолетници го нападнале во автобус на ЈСП
Синоќа во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.
При што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за сума од 6.000 евра: ја условувале за ќерка и
Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.