Контакт

Култура

Четврт век од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

Објавено пред

Вчера, се навршија 25 години од премиерното прикажување на дебитантскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Венеција или популарната Мостра, како што го нарекуваат најстариот филмски фестивал во светот.

dobivaj vesti na viber

Како што е добро познато, Манчевски во Венеција се закити со „Златниот лав“ и уште неколку награди. „Пред дождот“ потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа, а филмот освои и номинација за „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија.

„Пред дождот“ е во продукција на „Полиграм“, „Аим продакшн“, „Ное продакшн“ и „Вардар филм“ – Скопје. Во својата филмска нарација содржи три целини поврзани меѓу себе. Тие се со наслов: „Зборови“, „Лица“ и „Слики“. Сценариото е на Манчевски, кинематографер е Мануел Теран, монтажер Николас Гастер, а главните улоги ги толкуваат Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Кетрин Картлиџ, Јосиф Јосифовски, Кирил Ристоски…

„Кога снимаш филм, мораш да насочиш бесен ѕвер, кој се состои од пари, опрема и его, до крајната цел – она особено нешто што некако успева да ти го допре срцето и да те натера да размислуваш“, се вели во воведот на „Писма од ‘Пред дождот’“ од Милчо Манчевски.

„Рецепт за добар филм мистерија по правило е оној во кој коцките на сегментите на нелинеарното дејство во финишот ќе се склопат во складна и логична целина. ‘Пред дождот’ е генијален во неговиот радикално поинаков пристап: неговите сегменти совршено не се вклопуваат“, напиша критичарот Драган Лековиќ по повод 25 години од премиерата на „Пред дождот“.

Култура

Избран изведувач за изградба на Универзална сала

Објавено пред

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Во саботата беше донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.

dobivaj vesti na viber

По завршување на законските рокови за доделување на договорот, ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните активности.

Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година. Набавката се реализира по принципот Клуч на рака, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување на концерти, настани и други културни содржини.

Потсетуваме дека, по преземањето на објектот на Универзална сала од Градот Скопје, а особено по настанатиот пожар, Министерството за култура и туризам спроведе низа активности со цел успешна реализација на проектот за нејзина реконструкција.

Како дел од овие активности, Министерството преку измени и дополнувања на проектната документација преземена од Градот Скопје, обезбеди целосно нова проектна документација на ниво на основен проект за реконструкција на Универзална сала.

Овој проект беше претставен пред македонската јавност, а со неговата реализација ќе се зачува споменот и колективната меморија за објектот, а воедно ќе му се даде и нов, современ и повеќенаменски карактер.

Манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ покрај во останатите објекти од областа на културата во градот ќе се одвива и во обновената Универзална сала, која повторно ќе стане едно од омилените места за културни настани и собири на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Култура

„Малата Фрида“ победник на 4. ИФДТ „Игор Маџиров“ 2025

Објавено пред

Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои ГРАН ПРИ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025.

dobivaj vesti na viber

– Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран начин за различностите и прифаќањето, се наведеува во одлуката на професионалното жири во состав: Игор Третињак, театролог од Хрватска, Изабела Новотни, актерка при Театарот за деца и младинци и Јулијана Мирчевска, актерка и претседателка на националниот центар „АСИТЕЖ“ Македонија.

„Малата Фрида“ беше прогласена за најдобра претстава и од страна на детско-младинското жири во состав: Бисера Мојаноска, Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Теофрил Сачкарски, Саша Димитревска, Софија Петрушева и Јанис Далајоргос.

Наградата за најдобра режија беше доделена на Давид Зуазола за претставата „ПРОЗОРЕЦОТ“ во изведба на Театарот за деца и млади „МЕРЛИН“ од Темишвар, Романија. Оваа претстава ги понесе и специјалните награди за музика за Лазар Новков, колективна актерска анимација за Роберт Копот и Лаурентиј Плеша и за визелен идентитет за Давид Зуазола и Атила Бајко.

Наградите за актерски остварувања им беа доделени на: Аманда Пренкај, за улогата на Фрида Кало, во претставата „МАЛАТА ФРИДА“ и на Таноси Сиорис, за извонредните актерски креации во претсавата „СИНО“ во изведба на театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.

Наградата за најдоба костимографија беше доделена на Дорис Крстиќ, а за сценографија на Игор Васиљев за претставата „Малата Фрида“.

Прикажи повеќе...

Култура

Од 20 до 24 октомври 16. издание на ЕХО – фестивал на планински филм

Објавено пред

Од

Од 20 до 24 октомври, во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се одржи 16. издание на ЕХО – Фестивал на планински филм, единствениот настан во земјава што ја слави планината преку уметноста на филмот.

dobivaj vesti na viber

Годинава, фестивалот ја става во центар поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од целиот свет.

Отворањето е резервирано за полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жените-алпинистки кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и „After Antarctica“ на оваа прва вечер.

Екологија, климатски предизвици и уметност за иднината

Посебен дел од програмата е посветен на еколошките филмови кои се селектирани целосно во соработка со МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО – МЕД, долгорочен партнер на ЕХО, кои ги истражуваат последиците од климатските промени и човековото влијание врз природата. Меѓу нив се издвојуваат „Lupi Nostri (Our Wolves)“ – трогателна приказна за враќањето на волците во италијанските Апенини; „Treego of Life“ – визуелно патување низ симбиозата меѓу дрвјата и човештвото; и „WAO Zone“, кој преку планински авантури ја истражува границата меѓу природното и урбаното.

Во „Martha“ и „Plastic People“ авторите поставуваат прашања за односот кон отпадот и одржливоста, додека „Climate Art – From Protest to Utopia“ го прикажува уметничкиот отпор кон еколошките катастрофи. Ледените контрасти пристигнуваат со „Antarctica – Domain One“ и „Living Ice“, филмови што откриваат како се менува најсуровиот континент на Земјата. Програмата ја заокружуваат „Mont-Blanc Éternel?“ – поетска опсервација за топењето на глечерите во Алпите, и „Pot of Gold“ – документарец што трага по вистинската вредност во свет на материјална преизобилност.

Гостувања, презентации и живи приказни

Покрај филмската програма, ЕХО 2025 ќе понуди и предавања и презентации со врвни планинари, режисери и уметници од регионот и Европа.

Посебно внимание предизвикува гостувањето на словенечките алпинистки и документаристки, кои ќе ја претстават својата визија за женската перспектива во алпинизмот и современото истражување. Тимот Словенки – Ања Петек, Патриција Вердев и Урша Кешар – ја претставуваат женската експедиција на Лалунг во Индија и се добитнички на златниот цепин (Piolet d’Or), највисокото светско признание во алпинизмот, што ја зацврстува темата за родова видливост и меѓународен успех.

Ќе настапи и Филип Бабич, еден од најпознатите полски алпинисти, кој ќе сподели лични искуства од своите искачувања и етичкиот пристап кон планината. Филип Бабич е познат меѓу меѓународната алпинистичка сцена по неколку импресивни рекорди и подвизи кои ја покажуваат неговата вештина, храброст и етичкиот пристап кон природата. Тој го искачи Grand Capucin solo, без јаже и поддршка, за само 49 минути – насока од 570 метри која обично се искачува за околу осум часа.

Покрај тоа, во 2024 година Бабич ги помина сите четири гребени на врвот Матерхорн (Furggengrat, Hörnligrat, Zmuttgrat и Liongrat) – две на искачување и две на спуштање – во вкупно 7 часа и 43 минути, без користење на базна, логистичка или надворешна поддршка.

Публиката ќе има можност да присуствува и на македонски презентации – од искуства на локални планинари и документаристи, до разговори за еколошки иницијативи и развој на outdoor културата во земјава.

Во текот на фестивалот ќе се одржат и детски работилници посветени на креативноста, природата и екологијата, со локација во Europe House Skopje. Деталите за нивната програма се достапни на социјалните мрежи и официјалната веб-страница на фестивалот.

ЕХО е член на IAMF – International Alliance for Mountain Film, заедница што ги обединува најреномираните фестивали од овој жанр во светот – меѓу кои се Тренто, Грац, Катманду, Билбао и Телурајд. Со тоа, фестивалот се позиционира како дел од глобалната мрежа што го негува и промовира планинскиот филм како уметничка форма и културна вредност.

„ЕХО не е само фестивал, туку мост меѓу градот и планината, меѓу филмот и животот“, велат организаторите.

Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани и две значајни изданија на фестивалот како издавач: „Ванда — приказна за силата на животот и на смртта“ од Ана Каминска – која ја открива животната приказна на легендарната алпинистка Ванда Руткевич, и ремек-делото „Ѕвезди и бури“ (Starlight and Storm) од Гастон Ребуфа, првично објавено во 1954 година, кое нуди интимен увид во неговите искачувања, борбата со стихиите и страста кон височините.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе даде, ниту ќе заборави“ ништо на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената...

Свет2 часа

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет2 часа

(Видео) Товарен авион „Боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа3 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на Лувр

Вчера утрото, околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз,...

Македонија7 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија8 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија9 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија10 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија10 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија10 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...

Македонија11 часа

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија11 часа

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија12 часа

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија12 часа

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија12 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија12 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија12 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија13 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија13 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...