Македонија
Извештајот за разрешувањето на Јанева стигна до Илија Димовски
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го достави извештајот за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски.
Димовски, според собраниската процедура, сега ќе треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
По завршувањето на расправата на Комисијата, Џафери ќе треба да свика пленарна седница за разрешувањето на специјалната обвинителка.
Конечната одлука на пратениците на крајот ќе треба да ја потврди Советот на обвинителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мисајловски во посета на Командата за операции
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата.
За време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.
Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.
„Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете“, порача министерот Мисајловски.
На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.
Македонија
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.
„Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава“, рече министерот Тошковски.
„Миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите.
Македонија
ЦУК: Извлечена e екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди
ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисела Вода.
Од таму додаваат дека лицата имаат повреди.
Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.
Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата бил и пациент, подоцна ЦУК соопшти дека во лифтот немало пациент, туку екипата на Брзата помош била во зградата на констатација на смрт.
„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.
Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди“, се појаснува во информацијата од ЦУК.