Свет
Индонезија: Студенти развија уред за пронаоѓање жртви под рушевините
Со големина на кредитна картичка и речиси толку тенок, но доколку по силен земјотрес останете заробени под рушевините би можел да ви го спаси животот. Станува збор за уред кој користи високофренквентни сигнали за помош и пронаоѓање жртви по природна катастрофа – изум на тројца студенти од индонезискиот универзитет, пренесе „Ројтерс“.
„Деотерионс“ е алатка што емитува сигнал поврзан со движење и лесно дишење што може да се открие до 10 километри.
Приемникот на сигналот се вклучува на мобилен телефон или лаптоп и работи со апликација достапна на системите „Епл“ и „Андроид“, објаснија студентите.
Сатрио Вирадината Риади Боер (23), еден од студентите, изјави дека пронајдокот бил инспириран од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди неговиот роден град на островот Суматра пред 10 години, а во кој загубил дел од пријателите и наставниците, додека неговата мајка била повредена.
„Сè може да се случи ако некој е премногу долго под рушевините. Може да дојде до тоа на жртвата да ѝ биде ампутирана раката или ногата или, пак, на луѓето да им недостига кислород“, изјави Боер, нагласувајќи дека пронаоѓањето лица од под рушевините по разорен земјотрес е најважната трка со времето.
Тројцата студенти добија патент за нивниот прототип, кој чини седум долари, но рекоа дека сакаат да го усовршат уредот пред да го направат достапен за јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.
Свет
Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово
Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува „Дојче веле“.
Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија, пред сѐ, зависи од условите што земјата членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан што се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, а за некои многу, многу долг.
Тој се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“.
„Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека затоа Германија ќе истрае да учествува во воените мисии „Еуфор“ и „Алтеа“.