Вести
(Видео) Ураганот Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку пет загинати
Најмалку пет лица загинале на островите Абако во ударот на ураганот Доријан, соопшти премиерот на Бахамите, Хуберт Минис. Разорниот ураган, карактеризиран како најсилниот досега што ги погодил Бахамите, донел ветер со брзина од 205 километри на час, а останал на Бахамите 40 часа.
Así quedó la isla Abaco en las Bahamas, luego del paso del huracán Dorian.
Vídeo: Suministrado pic.twitter.com/thHTYAq7Mx
— El Foro de Puerto Rico (@elforopr) September 3, 2019
Доријан во меѓувреме ослабна до четврта категорија, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен, a се движи кон Флорида, САД.
„Се наоѓаме среде историска трагедија“, рекол Минис.
Според податоците на Американскиот центар за урагани, Доријан е најсилниот ураган што некогаш ги погодил Бахамите.
Жителите сè уште се наоѓаат во засолништата, без електрична енергија. Ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите, каде што се уништени куќи и поплавени цели населби.
Folks, Miami is outside the cone of danger. This is our current situation. There are parts of Florida and other states that will feel the effects of #Dorian much more. Take this very seriously. This shit is for real. For the love of God, heed the evacuation warnings. Stay safe. pic.twitter.com/NJiCRFzrRn
— Ana Navarro-Cárdenas (@ananavarro) September 2, 2019
Доријан сега се движи кон брегот на САД. Националниот центар за урагани со седиште на Мајами ги предупреди жителите на Флорида да не ги напуштаат засолништата додека не помине ураганот.
Во девет окрузи на Флорида е наредена задолжителна евакуација. Откажани се летовите, а бензинските станици и продавниците се затворени.
Научниците предупредуваат дека климатските промени влијаат на интензитетот на ураганот затоа што со затоплување на океанот и на површината на водата, бурите добиваат поголема енергија, што може да доведе до пообилни врнежи од дожд и посилен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.