Свет
Жителите на Кабул протестираат против присуството на странски трупи по смртоносниот напад на талибанците

Жителите на квартот ПД9 во авганистанската престолнина излегоа на улиците денеска по смртоносниот напад на талибанците во знак на протест против присуството на странски трупи во областа, пренесува „Спутник“.
„Имаше чести бомбашки напади на овој камп, кои ги уништија нашите домови и сериозно повредија луѓе што живеат во оваа област. Луѓето ги загубија животите, а многу други се повредени. Кампот е поставен во станбена област и треба да биде евакуиран од областа. Ако кампот не се евакуира, луѓето ќе продолжат со протести“, вели локалниот жител Мохамед Камал Авган.
Во меѓувреме, авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди смртоносниот напад на талибанците и го нарече акт на тероризам.
„Не е првпат талибанците да користат такви тактики, но безбедносните сили не може да ги спречат. Бидејќи разузнавачките активности се слаби, талибанците лесно ги изведуваат своите операции и ги постигнуваат своите цели. Од друга страна, талибанците не обраќаат внимание на животите на цивилите. Спроведувањето вакви тешки напади во градот е масакр “, рече поранешниот началник на авганистанските воздушни сили, Атикула Амархаил.
Утрово, жителите на областа излегоа на улиците и го блокираа автопатот источно од Кабул барајќи да се тргнат странските трупи од областа. Вчера, огромна експлозија ја погоди областа ПД9 само неколку часа откако американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Калилзад, ги сподели со раководството на нацијата деталите за мировниот договор изготвен од талибанците и САД.
Во нападот, за кој талибанците ја презедоа одговорноста, загинаа најмалку 16 лица, а повредени се 119 повеќе. Групата соопшти дека го таргетира Грин Вилиџ, голема област во која се сместени странски трупи, агенции за помош и меѓународни организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.