Забава
Ѕвездата на „Терминатор“ е во целибат веќе 15 години

Актерката Линда Хамилтон (62), ѕвездата на „Терминатор“, ја изненади јавноста со неодамнешната изјава дека веќе 15 години е во целибат, според „Пипл“. Понудите за брак не ја интересираат.
Во интервјуто што го даде за американските медиуми филмската Сара Конор откри дека ужива во осаменоста и дека по двата неуспешни брака, би се омажила повторно само кога би ја побарал за жена нејзиниот омилен уметник, 42-годишниот сликар Кехинде Вајли.
Нејзиниот прв сопруг беше филмскиот актер Брус Абот, со кого беше седум години. По тоа, љубовта ја пронајде во денес 65-годишниот режисер Џејмс Камерон од кого се разведе во 1999 година по само две години брак.
Иако нејзината кариера забави кога се пресели во 2000 година, таа сега, по 30 години, се враќа на филмското платно со филмот што ја прослави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Забременила со бесплатна сперма од Фејсбук, а сега предупредува: „Никогаш не го правете тоа!“

Лаура Колдман од Англија ја сподели својата необична и ризична приказна за тоа како дошла до своето второ дете — користејќи сперма од непознат човек кој го запознала во група на Фејсбук. Иако денес вели дека нема ни трошка каење затоа што ѝ го донел „светлото на животот“, признава дека никому не би му препорачала да тргне по нејзиниот пат.
Потрага по дете по секоја цена
По раскинувањето во 2018 година, Лаура останала самохрана мајка на шестгодишно дете, но копнеела да му подари братче или сестричка. Кога стандардните опции ѝ изгледале прескапи и комплицирани, се придружила на групи на Фејсбук кои поврзуваат жени со потенцијални донори.
Само два месеца подоцна добила порака од донор кој, според препораките во приватна група на мајки, изгледал „проверено“. Од декември 2020 до јули 2021 поминала низ четири обиди за самоинсеминација во неговиот дом во Шефилд, и во јули дознала дека е бремена.
Во април 2022 година го родила својот син Калум Ентони Рајан, тежок 3,9 кг, во болницата во Лестер.
„Можеше да биде кој било – криминалец, психички нестабилен…“
Лаура признава дека процесот бил чуден и непријатен — донорот едвај прозборел, ѝ го донел примерокот во шприц во посебна просторија, таа сама се инсеминирала и по 20 минути си заминала дома.
„Ништо не знаеш за таа личност. Можеше да има криминално минато, ментални проблеми, генетски нарушувања, а јас никогаш тоа не би го дознала.“
Калум денес има три години и не зборува, а Лаура вели дека чека дијагноза за аутизам и дополнителни тестови за слух и говор. Верува дека неговите развојни потешкотии можат да бидат поврзани со донорот, затоа што и други мајки кои ја користеле неговата сперма наводно имаат деца со слични состојби.
„Не се каам — но никому не би му препорачала“
Иако истакнува дека Калум ѝ е „сè на светот“, Лаура денес им порачува на другите жени добро да размислат пред да се одлучат на ваков чекор:
„Нема гаранции, не знаеш со кого имаш работа. Јас ризикував затоа што посакував дете, и не се каам — но апсолутно тоа не би го повторила и никому не би го препорачала.“
Додава и дека со донорот последен пат се слушнала пред една година, и дека му испратила само неколку фотографии од детето.
„И да одев во клиника, пак ќе земев сперма од странец. Но барем овој го запознав во живо“, заклучува таа.
Забава
(Фото) Ги пропушти Еми наградите поради алергиска реакција, но блесна на „Америка има талент“

Актерката Софија Вергара мораше да го откаже своето појавување на доделувањето на наградите Еми бидејќи беше хоспитализирана поради алергиска реакција кратко пред настанот.
Сега таа се „врати меѓу живите“ и потценување е да се каже дека блесна во полуфиналето на 20-тата сезона на „Америка има талент“ како член на жирито.
Колумбиската убавица се појави во црн комбинезон со интересни детали.
Облеката беше украсена со сребрени ѕвезди, а покрај тоа, забележливо беше деколтето во форма на срце, кое ги истакнуваше нејзините гради и раскошни облини.
Својот стајлинг го надополни со дискретни додатоци и шминка во земјени тонови, а долгата коса слободно паѓаше по рамената.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Марго Роби во три сосема различни модни комбинации низ Њујорк: покажа дека ги следи трендовите

Актерката Марго Роби деновиве привлекува внимание и нè воодушевува со своите смели и необични модни избори, кои толку многу ѝ одговараат што можеме само да кажеме „вау“.
Во елегантно-секси издание, таа беше фатена пред два дена во Њујорк, кога го напушташе својот хотел, подготвена да позира со своите обожаватели.
Холивудската убавица носеше сива комбинација во форма на лежерни панталони инспирирани од фармерки и необично кроено сако, под кое откри минимален црн градник.
Сакото е кратко, но со подолг преден дел и закопчување под половината, а модерните пуфкасти ракави ѝ ја даваат таа „ИТ вибрација“. На познатата актерка, која никогаш не престанува да предизвикува восхит, и со својата убавина и со својата фигура, комбинацијата и стоеше како скроена за неа.
Комбинацијата ја заокружи со црна чанта, црни ретро кожни сандали со дрвен ѓон, како и црни очила за сонце, покажувајќи ни уште еднаш зошто е модна инспирација за многумина.
Идеален есенски аутфит
Таа не погреши ни трошка кога прошета во совршениот есенски аутфит и највпечатливиот дезен што нè потсетува на постудените денови – карирано преголемо сако за кое можеме слободно да кажеме дека е безвременско парче и дека секоја жена треба да ја има во својот гардеробер.
Изгледа совршено на секого, секој може да ја комбинира со што сака, а Марго се чини дека го комбинирала на најдобар начин – со едноставни фармерки со широки ногавици и бела маица.
Впечатлив детаљ од комбинацијата се елегантните црни чевли со зашилен врв, кои одамна владеат со модната сцена и се обожавани од познатите личности.
Лесно можете сами да го копирате лежерниот изглед на Марго Роби, без разлика дали се подготвувате за работа, кафе, вечерно излегување или опуштена прошетка.
Летото сè уште не е завршено…
Сè уште има топли денови пред нас, а Марго се чини дека ни дава инспирација за сите временски услови.
Таа исто така се прошета низ Њујорк во кожен комплет во една од кафеавите варијации што е апсолутен број еден оваа сезона, составен од здолниште со низок струк од кожа (уште еден хит на есента) и топ, со интересен детаљ на обете парчиња.
Оваа комбинација го нагласува нејзиниот рамен стомак и витката фигура, а со комплетот носеше сандали со тенки ремени и кафеави очила за сонце.
Кафеавата како апсолутен хит во сè
Таа имаше кафеав лак за нокти на сите три модни изданија, покажувајќи дека верно ги следи модните трендови и, најважно од сè, знае како да ги носи.
Не заборавајте дека дури и најобичното и најевтино парче облека може да изгледа најскапо и совршено, и дека секој изглед може да биде за вас, ако знаете како да го изведете.
Марго Роби постојано ни го докажува ова…
фото: принтскрин