Македонија
Поднесено обвинение против ексдиректор на РЕК „Битола“ за загадување на животната средина
Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе обвинение против поранешен директор на РЕК „Битола“ за кривично дело загадување на животната средина и природата, како и против правното лице АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, кое се товари дека сторило кривично дело загадување на животната средина и природата.
Според информациите од Обвинителството, во периодот од јануари 2015 година до 7 февруари 2017 година на обвинетиот како директор на РЕК „Битола“, подружница на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ му било доверено извршување на законските и подзаконските прописи за управувањето, користењето и располагањето со имотот, раководењето со производниот потфат и надзорот во име и за сметка на обвинетото правно лице.
Но, притоа тој не се придржувал кон прописите за заштита на животна средина и дозволил користење погон кој ја загадува животната средина, па спротивно на Законот за заштита на животната средина, дозволил отпепелувањето на пепелта што се добива во процесот на производство на електрична енергија од јаглен во РЕК „Битола“ на одлагалиштето за пепел да се спроведува без да се почитуваат утврдените правила и процедури за навремено покривање на пепелта со јаловина со континуирано и постојано работно ангажирање на потребната механизација на одлагалиштето.
И покрај тоа што Секторот за отпепелување во рамките на ПЕ „Термоелектрана“ при РЕК „Битола“ постојано барал ваква механизација, како директор на РЕК „Битола“ обвинетиот не презел мерки за непречено обезбедување на механизацијата на самото место. Како резултат на тоа, на одлагалиштето во наведениот период биле одлагани големи количини непокриена пепел, кои во март 2017 година достигнале површина од 50.000 квадратни метри.
При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК „Битола“ и луѓето што живеат во населените места околу РЕК „Битола“. Имено, пепелта што лета, која се создава со согорување на јагленот, содржи сулфурен диоксид, азотен диоксид и тешки метали, чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението што работи и живее во близина на термоелектраните, како РЕК „Битола“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

