Забава
Позната кантри-пејачка загина во сообраќајнa несреќа

Американската кантри-пејачка Кајли Реј Харис загина во сообраќајна несреќа во Њу Мексико во судир во кој учествувале три возила. Покрај пејачката, загинала и една 16-годишна девојка која се наоѓала во второто возило. Возачот во третото возило немал никакви повреди.
Кајли патувала на музичкиот фестивал во Таос, каде што се случила несреќата. Полицијата потврдила дека возачот во возилото во кое се наоѓала пејачката бил во алкохолизирана состојба, но не објавиле дали зад воланот седела Кајли.
Неколку часа пред несреќата пејачката на социјалните мрежи со своите обожаватели споделила статус дека е тажна и уморна и се потсетила на многуте сообраќајки кои се случиле во нејзиното семејство.
„Сега сум на пат за Таос, каде што ќе настапам на музички фестивал. Го сакам овој фестивал, а за оние кои не знаат, моите баба и дедо живееја тука. Мојот вујко се уште живее тука, но буквално сите мои роднини кои повеќе не се живи, вклучувајќи го и мојот татко, го изгубија животот на овие патишта. Сега сум уморна и тажна затоа што возам 12 часа. Но, последните неколку часа возам низ планини и се потсетувам на моментите кога бев девојче и кога се возев на задното седиште во автомобилот на татко ми, каде што ми беше најубаво“, напишала Кајли.
Тажната вест за смртта на пејачката ја споделил нејзиниот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Искусен пилот откри која фаза од летот е најтешка за екипажот и зошто мора да телефоните да бидат на авионски режим

Искусен пилот откри која фаза од летот предизвикува најголема нервоза кај членовите на екипажот.
Одговарајќи на прашања од неговите следбеници на „Јутуб“, комерцијалниот пилот Стив Шрајбер – поранешен офицер на американската морнарица и чест коментатор на авионски несреќи – беше запрашан дали има период за време на летот кога тој самиот се чувствува нервозен. Еден од присутните го прашал: „Дали си понервозен при полетување или при слетување?
Тој одговори дека ако треба да избере меѓу тие две ситуации, полетувањето ќе биде поголем предизвик.
„Тогаш авионот е најтежок што некогаш ќе биде“, објасни тој.
„Моторите работат со полна моќност, а вие сте најбавни што ќе бидете. Откако ќе ја напуштите земјата, забрзувате, почнувате да користите гориво, станувате полесни и можете да ја намалите моќноста“, рече тој.
Во истото видео одговори и на честото прашање – дали е навистина потребно да се вклучи авионскиот режим на мобилните телефони за време на летот. Авионскиот режим ја оневозможува можноста за испраќање и примање безжични сигнали на уредот. Неговиот совет е едноставен: „Треба да го вклучите авионскиот режим“.
Тој се осврна на тестовите спроведени од Федералната управа за авијација на САД (FAA) кога употребата на мобилни уреди почна да расте. Резултатите покажаа дека во некои ситуации сигналите од уредите во задниот дел на авионот може да пречат на опремата за навигација.
Забава
„За малку ќе го исплукав кафето“ – маж ја објави сметката од појадок со принцезите во Дизниленд

Татко од САД ги шокираше корисниците на социјалните мрежи објавувајќи ја сметката за појадокот со принцезите во Дизниленд во Калифорнија.
На платформата „Икс“, корисникот Џон (@jrockandrollt) објави фотографија од сметката и напиша: „Појадок со принцезите во Дизниленд со децата. За малку ќе го исплукав кафето“.
Сметката што ја споделил покажува дека за луксузниот појадок платил дури 937,65 долари (околу 815 евра), со бакшиш од 150 долари (околу 130 евра). Тој објаснува дека на појадокот имало пет лица – две деца и тројца возрасни – што чини околу 187 долари (163 евра) по лице.
Во коментарите тој сподели и фотографија од неговата чинија со говедски стек, полнети јајца, аспарагус и ракчиња. Што се однесува до пијалоците, тие имале само еден алкохолен коктел – Блади Мери.
Цената на појадокот шокираше многумина. „Нема оброк на светот кој вреди толку“, „Боже мил, не знам што да кажам“, се само дел од коментарите.
На официјалната веб-страница, Дизни го опишува овој појадок како „незаборавен појадок од три јадења со магични средби со омилените принцези на Дизни“. Предјадењата вклучуваат мини сендвичи со јастог, бејнетки и облоги од банана. Детското мени нуди пилешко и вафли во форма на Мики, додека возрасните можат да изберат од полнети јајца, мисиркини колбаси и макарони и сирење и тартуфи.
Според официјалните податоци, цената на појадокот започнува од 123 евра по лице, па многу корисници на „Икс“ коментирале дека Џон сигурно знаел колку ќе чини. Еден корисник напиша: „Брат, јасно ти беше покажана цената кога си резервирал. Ако си изненаден, тоа е твој проблем“. Друг додаде: „Требаше да имаш груба идеја колку ќе чини сето тоа“.
Забава
Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“
Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.