Македонија
Утре сончево време со умерена облачност и локален дожд

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне претежно во планиските региони ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотарен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.
Во среда сè уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд претежно во западните делови, но и ќе има повеќе сончево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.