Македонија
Бугарија бара одговорност за палењето на нивното знаме на протестот во Мелбурн
Бугарските власти ќе бараат одговорност за запаленото бугарско знаме за време на вчерашниот протест на македонската дијаспора пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија.
Петар Николаев, в.д. бугарскиот амбасадор во Австралија, доби задача од шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, да се сретне со австралиските власти и да ги повика да бидат преземени мерки против сторителите на овој инцидент и да ги замоли во иднина органите на редот да се спротивстават на ваквите обиди на палење на државните симболи.
Македонската влада го осуди палењето макети на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и палењето на знамињата на Бугарија и Грција пред Конзулатот на Северна Македонија во Мелбурн. Од таму велат дека ваквите настани го нарушуваат имиџот на земјата и дека палењето знамиња на држави и макети од премиерот и министерката не се никаква одлика на патриотизам ниту, пак, се слика за нашата дијаспора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

