Економија
Бектеши – Ковачевски: Брзата реализација на проектите и вложувањето во нови капацитети се клучни за енергетската стабилност
Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари работен состанок со генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски. Главна тема на работниот состанок беа проектите кои се во фаза на реализација, како и идните планови и инвестиции во енергетскиот сектор.
Министерот Бектеши информираше дека Министерството за економија во соработка со АД ЕСМ во наредниот период ќе работи на реализација на проектите кои се предвидени во делот на обновливите извори на енергија, пред сè изградбата на фотонапоските централи во термоелектраната Осломеј и РЕК Битола.
Тема на разговор помеѓу министерот и директорот беа и мерките за енергетска ефикасност коишто се реализираат преку Министерството за економија, како и новата мерка на Владата за субвенционирање на инвертери за греење, којашто е предвидено да се реализира преку АД ЕСМ.
„Преку разговори и споделување мислења, идеи и сугестии на сите институции може да направиме АД ЕСМ да биде уште поуспешна државна компанија, со исполнување на сите еколошки стандарди согласно европската регулатива. Ние како Влада почнавме да ја промовираме новата еколошка мерка за субвенционирање на инвертори за греење, којашто ќе се спроведува преку АД ЕСМ. Мерката како пилот проект ќе почне да се спроведува во четири градови во Република Северна Македонија, кои се најзагадени, Скопје, Кичево, Битела и Тетово“, изјави министерот Бектеши.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, истакна дека целта на состанокот со министерот Бектеши била изнаоѓање начини и преземање чекори за забрзување во спроведувањето на одредени проекти битни за државната енергетска компанија
„Ние како ЕСМ побаравме средба со министерот за економија, Крешник Бектеши, со цел да поразговараме за некои проекти кои се од значење за работењето на нашата компанија, а со кои е потребно забрзување на нивната динамика. Побаравме помош тие проекти да се забрзаат од аспект на административните процедури, да се види што може министерството како институција да направи, а што е во нивна надлежност за овие проекти да продолжат со зголемено темпо. Конкретно, се работи за проекти за одредени нови локалитети за експлоатација на јаглен во рамките на нашите термолектрани“, изјави Ковачевски.
На средбата се разговараше и за напорите за реализација на проектот Чебрен, како и за писмото кое по заклучок на Владата го испрати АД ЕСМ до Р Бугарија со кое се искажува интерес за учество во проектот Белене, со цел државата преку ЕСМ да обезбеди широко портфолио на различни производствени капацитети кое ќе обезбеди енергетска стабилност во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

