Забава
Одмор за раскажување: тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија
Мајкл Бредли, пилот на компанијата „Изи џет“, кој со семејството патувал на одмор во Шпанија, таму стигнал како капетан на авионот со кој требало да патува бидејќи неговиот колега задолжен за пилотирање на авионот, не се појавил за тој лет.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како Бредли им кажува на другите патници на летот од Манчестер до шпанскиот Аликанте дека со себе ја носи својата пилотска лиценца, а се слуша и бурен аплауз кога тој соопштува дека од одговорните добил дозвола да го управува авионот, пренесе „Бизнис инсајдер“.
„Се јавив во ‘Изи џет’ и реков: ‘Здраво, јас сум на терминалот и сум слободен. Имам дозвола со мене. Би сакал да одам на одмор и доколку сакате услуга, подготвен сум да го сторам тоа“, рекол Бредли.
Надлежните го сослушале неговото барање и рекле дека ќе му се јават уште еднаш. 40-ина секунди подоцна Бредли добил нов повик: „Те молиме, управувај го авионот до Аликанте“.
Бредли со преостанатите патници се пошегувал и на сметка на тоа што носел цивилна облека.
„Значи, доколку не ви пречи денес да имате пилот што изгледа вака, тогаш одиме за Аликанте“, рекол тој.
Портпаролот на „Изи џет“ го потврдил овој необичен настан и додал дека целата ситуација била спроведена во склад со прописите бидејќи Бредли ги носел својата летачка дозвола и потребните документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Новогодишната честитка на Северина: „Да вежбам 4 пати неделно, да читам, да патувам…“
Северина се збогува со 2025 година и го одбележа доаѓањето на 2026 година со објава на социјалните мрежи.
„Ја започнувам новата година со голема благодарност до сите што ми помогнаа на моето животно патување. Сакам секогаш да бидам љубезна и да ставам насмевка на лицата на другите луѓе и да им направам барем убав момент, ако не и ден. Сакам да им простам на сите и да не држам злоба на оние што ми згрешиле, бидејќи тоа ме убива мене, а не нив. Исто така, сакам… Да добивам масажа секој ден по три часа, да пијам кафе секој ден со некои луѓе што не сум ги видела долго време и да молчам…“, напиша таа.
„Да се заљубиш во некој нормален“
„Да спијам осум часа на ден, да се заљубам во некој нормален, да создавам незаборавни моменти, да бидам опкружена со позитивни луѓе и позитивна енергија, да имам сила да се борам за остварување на соништата, да имам отворено срце, мирни мисли и силно тело. Да вежбам јога најмалку три пати неделно и да вежбам четири пати. Да читам најмалку три книги месечно, да гледам три претстави месечно и да посетувам пет странски концерти годишно. Да патувам на дестинации што сакам да ги видам…“, додаде таа.
„На сите им посакувам истото што си го посакувам себеси“, рече таа на крајот од објавата.
Забава
Кога и зошто почнала традицијата на славење на Новата година
Милиони луѓе од целиот светот ја пречекуваат Новата година како симбол на нов почеток и надеж за подобри денови. Но, обичајот на новогодишно славење има длабоки историски корени.
Новата година го означува почетокот на нов временски циклус, а во повеќето култури тој почнува на 1 јануари, според грегоријанскиот календар. Овој датум, сепак, не бил отсекогаш прифатен.
Најстарите траги од новогодишна прослава потекнуваат од Месопотамија, каде што пред повеќе од 2.000 години Новата година се славела на почетокот на март во согласност со природните циклуси и земјоделските работи. И Кинезите се меѓу првите народи што го одбележувале овој ден, при што празникот бил поврзан и со размена на подароци.
Во антички Рим, иако јануари бил воведен уште во 700 година пр. н.е., Новата година долго време се славела на 1 март. Промената дошла во 153 година пр. н.е. кога јануари станал почеток на граѓанската година. Конечно, во 46 година пр. н.е. Јулиј Цезар со новиот соларен календар законски го утврдил 1 јануари како официјален почеток на годината.
Оттогаш овој датум постепено станал прифатен во поголемиот дел од светот како симболичен почеток на новата година.
Фото: pexels
Забава
Од луд провод до тивка вечер дома: што вели хороскопот за новогодишната ноќ
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови.
Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол.
Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските.
Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица.
Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера.
Лав – се подготвува со месеци и избира ексклузивен дочек; важно му е да биде забележан и да не биде сам на полноќ.
Девица – избегнува гужви и бучни забави, преферира тивок дочек дома со мал круг луѓе.
Вага – сака „ин“ места, дотерување и внимание; често ја дочекува Новата година во прегратка.
Шкорпија – поделени се; младите сакаат забава, постарите мирен дочек дома.
Стрелец – најчесто патува, но се забавува секаде каде и да е.
Јарец – не е љубител на гласни прослави; Новата година ја дочекува скромно, најчесто дома.
Водолија – обожава забави, клубови и дружење со нови луѓе; останување дома не доаѓа предвид.
Риби – најважно им е друштвото; сакаат домашен дочек, но знаат и да претераат со алкохол.

