Македонија
Почна реализацијата на два инфраструктурни проекта во Полошкиот Плански Регион
Почнаа изведбените работи на два проекта на Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион, кои се одобрени од Владата, а се во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.
Со првиот проект ќе се врши реконструкција на локалниот пат село Јажинце – Тетово, спој со регионалниот пат, а со вториот реконструкција и изградба на тротоари на дел од општинскиот пат Тетово – село Требош, општина Желино. За реализација на првиот проект се одвоени 4 милиони денари, а за вториот околу 8,5 милиони денари.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој присуствуваше на настанот, ја истакна определбата на Министерството за локална самоуправа и на Владата дека со финансиски средства од државниот буџет, предвидени со Програмата за рамномерен регионален развој, ќе се инвестира во сите плански региони сè со цел подобрување на уловите за живеење на сите граѓани.

Со Програмата за рамномерен регионален развој, истакна министерот Милевски, издвоени се 7 милиони евра, од кои 5 милиони евра за проекти за развој на планските региони и 2 милиона евра за развој на селата и подрачјата со специфични потреби.
„Оваа година ќе бидат финансирани 35 проекти за развој на селата, во вкупна вредност од 41,3 милион денари, во сите 8 плански региони. Проектите се однесуваат на изградба и реконструкција на локални патишта, системи за греење во основни училишта, системи за одведување отпадни води, подобрување на процесот за собирање отпад, поставување урбана опрема и слично. Станува збор за проекти што решаваат значајни проблеми и имаат големо влијание врз квалитетот на живеење на жителите во руралните населени места“, рече Милевски.
На настанот присутни беа и градоначалниците на Тетово и на Јегуновце, Теута Арифи и Дарко Блажески, и на Желино, Блерим Сејдиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

