Македонија
Институтот за трансфузиологија воведе нов метод за прибирање на крв
Министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство Асим Муса, вицепремиерот Бујар Османи и директорите на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини и Авни Исмаили, денеска ги промовираа реновираните простории на Институтот, со што се овозможи подобри услови за работа и поквалитетни здравствени услуги. Со реновирањето создадени се нови соодветни просторни услови, инсталирана е современа апаратура и спроведена е едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.
Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма (ССП), интермедиерниот простор, како и една просторија која беше неупотребена сега е пренаменета во просторија за брзо смрзнување плазма.
„Институтот за трансфузиона медицина е позитивен пример за работа на јавна здравствена установа. Реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки. Продолжуваме и во наредниот период со подобрување на условите во здравствените установи, како за пациентите, така и за вработените“, изјави министерот Филипче.
Имплементацијата на планот за унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина, ја постигна целта – услови за работа соодветно на ЕУ стандардите и препораките.
„Реновирањето и адаптацијата на просторните услови за работа по ГМП стандарди (Good Manifacturing Practice) на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје се одвиваше во периодот јули 2018 – април 2019 година. Во наредниот период следува реновирање и адаптирање на посторните услови во Битола. Грижата за здравјето и удобноста на пациентите е примарна одговорност во областа на медицината и со сите расположливи средства и капацитети кон тоа се стремиме“, потенцираше директорот Усеини.
Во февруари 2019 година обезбедени се фрижидери за чување на крвни продукти, со сертификат за чување на крвни продукти во сите трансфузиолошки единици: 12 фрижидери на +4 степени целзиусови за чување на еритроцитен концентрат, 10 фрижидери на -30 степени целзиусови за чување на плазма и 3 фрижидери на -80 степени целзиусови за брзо смрзнување на плазна.
Институтот за трансфузиона медицина во Скопје е најголема трансфузиолошка единица во установата и располага со најголемите резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија. За одржување на истите, Институтот доби агрегат како донација и со тоа е загарантирано непречено снабдување со електрична енергија и во екстремно ситуации.
E-Delphin информатички систем се спроведе во сите центри и служби за трансфузиона медицина.За тоа се обезбеди потребната хардверска подршка: компјутери, принтери, специјални принтери за етикетирање на крвни продукти и баркод читачи.Потоа следуваше инсталирање и обука на здравствениот кадар за користење на системот E-Delphin при процесот на работа во Институтот за трансфузиона медицина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

