Свет
Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина
Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа да изврши притисок врз Кина, со цел земјата да ги почитува преземените обврски кон загарантираните слободи на оваа полуавтономна кинеска територија.
Демонстрантите бараат Велика Британија да преземе мерки бидејќи, како што велат, Кина не ја почитува кинеско-британската декларација.
Кинеско-британската декларација била потпишана во 1984. година и со неа се дефинира иднината на Хонгконг по неговото враќање под кинеска управа во 1997 година, според формулата „една земја, два система“ која гарантира одредени слободи што не ги уживаат кинеските државјани.
Кина тврди дека Хонгконг сега е нејзино внатрешно прашање, но дека го почитува начелото „една земја, два система“ и дека не се меша во внатрешните прашања на овој регион.
Кинските официјални претставници ги обвинуваат странските сили, особено САД и Велика Британија, дека ги поттикнале немирите во Хонгконг и ги предупредија да не се мешаат во внатрешните работи на Кина.
Велика Британија, пак, смета дека како копотписник на договорот има правна одговорност да обезбеди Кина да се придржува до декларацијата од 1984. година.
Сепак, не е сосема јасно, што конкретно Велика Британија навистина може да стори со оглед на фактот дека по излегувањето од ЕУ, земјата се надева на посилна трговска соработка со Кина, која од 1997 година е втората светска економија, пренесува агенцијата „Хина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

