Црна хроника
Косовец приведен на Богородица со фалш документи
Вчера, во 15.15 часот, на граничниот премин Богородица, при гранични проверки, И. Н. (50) од Косово на увид приложил српска патна исправа на име Х. Е. (43) од Р. Србија. По извршената контрола, било утврдено дека првата страница била фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, И. Н. бил приведен и задржан за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две деца и возач повредени во сообраќајка на регионалниот пат Кичево – Осломеј
Вчера околу 23 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од осумнаесетгодишниот С.Д., патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.