Црна хроника
„Пајакот“ подигнал 110 возила во Скопје
Во текот на 13, 14 и 15 септември 2019, на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 66 возачи, од кои: 20 затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 41 возач затоа што управувале возила без да стекнат право на управување моторно возило и пет возачи почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи во согласност со ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, 14 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 13 поради користење мобилен телефон при управување возило. Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налога, а 110 возила се подигнати со „пајак“.
На 14 ептември на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.
Во текот на викендот на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, и тоа тројца кои управувале возило под дејство на алохол и 11 бидејќи управувале возила пред да стекнат право за управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување моторно возило. Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а осум возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
На 15.9.2019 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање возачи што управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Во акцијата се констатирани 20 прекршоци за што биле изречени соодветни казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

