Македонија
(Видео) Милошоски: Предлагаме стандарден модел на ЈО, без хибридни решенија
„Пред неколку дена примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за Обвинителството и по којзнае кој пат забележавме дека СДСМ го менува претходниот предлог што го даде пред еден месец и по којзнае кој пат забележавме дека го менува и оној предлог што премиерот Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител. Како и да е, одговоривме по писмен пат на предлогот на владиниот тим за преговори и го доставивме денес. Очекуваме во следните еден-два дена владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работната недела, можеби четврток или петок, да имаме и повторна средба доколку ѝ одговара на владината страна за преговори“, изјави Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Тој објасни во што се состои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на предлог-законот за Обвинителството.
„Прво, сметаме дека е веќе доволно од изнаоѓање нови хибридни решенија, како што беше она што го предложи господинот Заев – да се подели Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на два дела, со што едното обвинителство би било за висока корупција. Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење криминал и висока корупција како единствено неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото преземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон, за него да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал, при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога.
Во однос на самиот избор, предлагаме Методологија што ќе даде сигурност дека власта нема да го има последниот збор и да избере владин подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага една личност од оние што ќе конкурираат за тоа обвинителство, доколку тој предлог не помине, се повторува постапката уште еднаш, а доколку теоретски и тој предлог не помине, тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на јавните обвинители, но доколку и тоа не се случи, тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавните обвинители, кој ќе одлучи во согласност со високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција“, рече тој.
И следна разлика што ја имаме во однос на предлогот од страна на Владата е дека за оваа позиција сметаме дека, освен од обвинителската фела, би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера, кои имаат соодветно искуство во кривично-правната материја, пред сè, мислиме на професори.
Генерално, тоа се оние клучни поенти од нашиот предлог што го доставуваме до владиниот тим и врз основа на кој очекуваме во следните денови, кога ќе го разгледаат, да имаме можност да размениме мислења и аргументи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

