Свет
Руски разузнавач тврди дека е можно воено сценарио по нападите во Саудиска Арабија
Шефот на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, изјави дека е можно воено сценарио по нападите на саудиските нафтени постројки, но дека тој сепак се надева на мирно решение, пренесува „Спутник“.
„Военото сценарио е можно по нападите на нафтените објект во Саудиска Арабија, но се надеваме дека тоа прашање ќе биде решено по мирен пат“, рече Наришкин.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, малку порано изјави дека САД не сакаат војна со Иран кого го сомничат дека ги организирал нападите во Саудиска Арабија.
Тој додаде дека Вашингтон е спремен за воен конфликт повеќе од која било друга држава затоа што го имаат најдоброто вооружување.
За потсетување, во напад со дронови во саботата беше оштетен центарот на постројката за производство на нафта во Саудиска Арабија. Медиумите наведуваат дека таа постројка учествувала со пет отсто во глобалното снабдување со нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.