Македонија
Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.
Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.
Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација. Тие влегле во земјата, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните, Фетаи на чело на Советот за конфискација

„Со години, граѓаните гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат од сопствената пот, додека ДУИ чуваше стража и им обезбедуваше столче. Оваа ера е завршена“, велат од „Влен“.
„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на ВЛЕН, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Ова е највисоката институција што ќе гарантира дека никој нема да може да го задржи имотот стекнато преку корупција и криминал.
За прв пат, Албанците го водат механизмот што им го зема имотот на крадците и го враќа за јавен интерес. Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ВЛЕН, им го конфискува имотот.
ДУИ/НАИ викаат за „српски свет“, но нивниот единствен свет е оној на корупцијата и нередот што го оставија зад себе во секоја општина. ВЛЕН никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го поткопуваат евроатлантскиот пат. Ние сме членки на НАТО и меѓународните извештаи како што е Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан се сериозно предупредување за нив.
Накратко, тие врескаат за власт и бараат начин да избегаат од корупцијата што ги зафатила. Ние дејствуваме за граѓаните, ги оживуваме општините и ќе го вратиме украденото богатство на оние што му припаѓаат: граѓаните“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.