Македонија
Владата донесе препораки за антикорупциска едукација на учениците
Владата ја донесе Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието со писмен допис и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата од планирање на антикорупциски содржини во своите годишни програми.
Согласно дописот, се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

