Свет
Руското Министерство за одбрана: Американската ПВО не ја заштити Саудиска Арабија зашто е неефикасна

Моќната групација американски противвоздушни системи разместена во Саудиска Арабија не успеа во одбраната од нападот на нафтените постројки во таа земја зашто не е доволно ефикасна, изјави висок претставник на руското Министерство за одбрана, пренесува „Спутник“.
Со оглед на тоа дека ПВО-системите „Еџис“ и „Патриот“ не успеаја да го одвратат големиот воздушен напад, јасно е дека тие не ги исполнуваат карактеристиките што се декларирани на тоа оружје.
„Оправдувањето на американскиот државен секретар, Мајк Помпо, дека ПВО-системите во некои ситуации работат со променлив успех, може да се прифати само ако станува збор за еден комплекс „патриот“, кој штити определен објект, но во Саудиска Арабија, благодарение на САД, е поставена моќна групација, која покрива широко поле на дејства“, објасни тој.
Извор од русиот воен ресор прецизира дека северната граница на Саудиска Арабија ја покриваат 88 лансирни станици „патриот“ од кои 36 се со модификација ПАЦ-2 и уште 52 најнови ПАЦ-3, а покрај тоа, на крајбрежјето на земјата има уште три американски разорувачи што носат системи „Еџис“ со ракети „СМ-2“.
„Како е можно толку моќен ПВО-систем да пропушти десетина дронови и крстосувачки ракети? Причината е само една – овие системи не одговараат на декларираните карактеристики, не се доволно ефикасни против воздушни цели со мал габарит, особено кога станува збор за масовен напад“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден