Регион
Германија им помага на косовските безбедносни сили со половина милион евра
Германска влада им додели помош од 500.000 евра на косовските безбедносни сили за набавка на медицински материјали и опрема, преносува РТС.
Спогодбата за донација ја потпишале во косовското Министерство за одбрана вршителот на должност генерален секретар, Фарук Геци, и германскиот амбасадор во Приштина, Кристијан Хелт.
Како што се наведува во соопштението од Министерството, косовските безбедносни сили со донацијата од германската влада планираат да ги подобрат капацитетите на својот медицински центар и да купат опрема што ќе придонесе за изградба на медицински капацитети и услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.