Црна хроника
Обвинение за поранешниот директор и тројца вработени од Централниот регистар
Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреја Поповски, за злоупотреба на службената положба и овластувањето, а против тројца вработени за кривично дело помагање.
„Во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година првообвинетиот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи иако таа воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија“, соопштуваат од ОЈО.
Останатите тројца обвинети – раководителка и две советнички од одделението за човечки ресурси на Централниот регистар, се обвинети дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.
На овој начин му била нанесена штета на буџетот на институцијата во износ од 824.837 денари по основ на исплатени плати, а за вработената била прибавена корист и на штета на Фондот за здравствено осигурување во износ од 344.283 денари. Со ова вкупниот износ на нанесената штета изнесува 1.169.120 денари.
За четирите обвинети лица во сила се мерки на претпазливост претходно определени од Основниот кривичен суд Скопје, а на првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена и гаранција во износ неколкупати повисок од штетата за која се товари.
Во овој предмет, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, донесена е и наредба за запирање на истражната постапка против едно лице – раководител на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје бидејќи во текот на истрагата не беа утврдени докази дека со умисла сакал да му помогне на првоосомничениот да ги прикрие дејствата на злоупотреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

