Македонија
Мицкоски од Неготино: Лозарите се во очајна ситуација
Лозарите се во очајна ситуација поради условите кои што се предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Неготино.
Тој се сретна со лозарите од овој крај, откако претходно оствари средби и со лозари од Кавадарци и Росоман.
„ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата ‘Oбнова за Македонија’ ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите овдека во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот“, рече Мицкоски.
Додаде дека имал можност да разговара со лозари од целата Тиквешија, без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност.
„Сите оние политичарите кои што ги делат лозарите, а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

