Свет
(Видео) Американка му ги мачкала непцата на бебето со хероин за да го успие, и тоа починало
Американка од сојузната држава Мејн е обвинета за убиство на својата ќерка затоа што наводно повеќепати му давала на едногодишното дете мали дози хероин за да спие подобро, а бебето починало кратко потоа, според „Њујорк пост“.
Кимберли Нелиган (33) е обвинета дека 15 пати ставала хероин на непцата на своето дете во период од два месеца пред тоа да почине на 10 октомври 2018 година. Таа беше уапсена минатата недела во вторникот, бидејќи медицинските иследници утврдија дека бебето починало од акутна фентанилна интоксикација.
Фентанил е моќен синтетички опиоид кој се пропишува против болки, за кој експертите велат дека е приближно 50 до 100 пати посилен од морфиумот. На нелегалниот пазар, оваа дрога често се меша со хероин за да ги зголеми еуфоричните ефекти на корисниците.
Kimberly Nelligan, 33, was arrested Tuesday charged with endangering the welfare of her 1-year-old daughter who died last year after being exposed to fentanyl.https://t.co/06LVdC5yTW pic.twitter.com/VeSwFKZj8P
— Beth McEvoy (@bethmcevoynews) September 18, 2019
На почетокот на полициската истрага Нелиган негирала употреба на хероин, но подоцна, наводно, признала дека два месеца пред да почине нејзината ќерка користела дрога двапати неделно за да ја смири. Нејзиниот сопруг сведочел дека 15-ина пати видел дека таа мачка хероин на непцата на бебето, бидејќи бебето имало проблеми со спиењето.
Мајката, наводно, му објаснила на својот сопруг дека давањето хероин на деца е вообичаена практика и дека тоа го правела и со другите две деца кога биле мали.
Кимберли Нелиган во моментов е на условна казна, односно се брани одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот министер: Преговорите во Оман со САД беа многу добар почеток
Во главниот град на Оман, Маскат, заврши нов круг преговори меѓу Иран и САД, при што, според иранската државна агенција ИРНА, двете страни покажале подготвеност за продолжување на дијалогот. Агенцијата „Тасним“ објави дека е договорено разговорите да продолжат, но не е наведено кога би се случило тоа.
Преговорите се одвивале со посредство на оманскиот министер за надворешни работи, Саид Бадр Албусаиди. Иранскaта делегација ја предводел шефот на дипломатијата Абас Аракчи, а американската страна била претставувана од специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. На разговорите присуствувал и адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на американската армија (CENTCOM).
Министерот Аракчи во изјава за иранските државни медиуми по средбата истакна дека разговорите биле „многу добар почеток“ и дека биле одржани во „многу позитивна атмосфера“. Додаде дека двете делегации се договориле да продолжат со консултации со своите челници.
И покрај тоа што не беа соопштени детали за конкретните теми, оманскиот министер за надворешни работи Албусаиди изрази оптимизам и оцени дека било „корисно да се разјаснат ставовите на двете страни и да се утврдат можности за напредок“. Тој на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) напиша дека резултатите ќе бидат внимателно разгледани од Техеран и Вашингтон.
Very serious talks mediating between Iran and the US in Muscat today.
It was useful to clarify both Iranian and American thinking and identify areas for possible progress. We aim to reconvene in due course, with the results to be considered carefully in Tehran and Washington. pic.twitter.com/OWctzf2CXA— Badr Albusaidi – بدر البوسعيدي (@badralbusaidi) February 6, 2026
Свет
Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“
Европската унија би можела да го принуди „Тик-ток“ да направи измени во апликацијата, откако во прелиминарна одлука наведе дека платформата ги прекршила правилата за дигитална безбедност.
Европската комисија смета дека дизајнот што предизвикува зависност му штети на физичкото и менталното здравје на корисниците, особено на децата и ранливите лица, пишува „Гардијан“.
Според одлуката, „Тик-ток“ не ги проценил соодветно ризиците од својот дизајн, кој преку постојано надградување со нова содржина поттикнува непрекинато скролање и го става мозокот во режим на автопилот. Комисијата наведува дека тоа може да доведе до компулсивно однесување и намалена самоконтрола, како и дека платформата игнорирала показатели за прекумерна употреба, вклучително и времето што децата го минуваат на апликацијата ноќе.
Комисијата размислува за наметнување промени во дизајнот, вклучувајќи измени на алгоритмот за препораки, ограничување на бесконечното скролање, воведување ефективни паузи од екран, вклучително и во текот на ноќта, како и прилагодување на системот за препораки.
Безбедносните механизми, како алатките за контрола на времето и родителските контроли, се оценети како недоволни.
Кршењето на Актот за дигитални услуги (ДСА) може да резултира со казна до 6 проценти од годишниот промет на компанијата. Се проценува дека „Тик-ток“ годинава ќе оствари приход од околу 35 милијарди долари.
Свет
САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран
Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Иран, предупредувајќи на сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи тероризам, немири, киднапирања и произволни апсења и притворања на американски граѓани.
Американските власти им советуваат на граѓаните сами да направат план за излез и да не се потпираат на помош од американската влада, бидејќи САД немаат амбасада во Иран.
Според предупредувањето од Стејт департментот на САД, американските граѓани во Иран се соочуваат со висок ризик од нелегално притворање, вклучувајќи долготраен притвор, тортура и, во некои случаи, смртна казна. Швајцарија дејствува како заштитна сила за американските интереси во Иран, чија амбасада во Техеран обезбедува само итни конзуларни услуги.

