Забава
Ѕвездата на „Нетфликс“ позитивна на ХИВ, мислел дека има грип

Ѕвездата на шоуто на Нетфликс „Queer Eye“, Џонатан ван Нес (32), фризер по професија, напиша мемоари под името „Over the Top“ во кои кажа дека е позитивен на ХИВ.
„Тешко ми е да бидам целосно отворен кога има работи што никогаш не сум ги признал јавно“, рече Џонатан по повод објавувањето на мемоарите, пренесува „Тајм“.
Дознал дека е позитивен на ХИВ пред седум години, откако се струполил во фризерскиот салон каде што работел. Потоа отишол во болница за да ги провери симптомите што личеле на грип. Сепак, не станувало збор за грип, туку за ХИВ.
„Тој ден ми беше грозен, токму како што си замислувате дека ќе биде“, напиша тој во книгата.
Кога бил помлад бил жртва на сексуална злоупотреба и бил зависник од дрога, особено на факултет кога консумирал кокаин. Сега тој рече дека е во „заедницата на ХИВ-позитивни луѓе“. Дури откако стана ѕвезда на серијата, тој јавно сподели низ што поминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кој би помислил дека оваа жена има 67 години: нејзините фотографии во костим за капење воодушевуваат

Иако не е толку активна во актерскиот свет, легендарната Шерон Стоун е, навистина, вреден член на социјалните мрежи. Таа често објавува фотографии од големи настани, но и оние што ја скокоткаат имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Неодамна „закачи“ фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење и може да се каже дека кралицата на секси изданијата нема намера толку лесно да се откаже од летото и атрактивните комбинации.
Шерон гордо позираше на брод, а нејзината витка фигура, како и насмевката на нејзиното лице беа забележливи. Актерката едноставно блеска во подоцнежните години, а нејзините бројни обожаватели на мрежите го забележаа тоа.
„Прекрасна си“, „Уживај убавице“, „Толку си мила“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Марија Шерифовиќ слезе меѓу публиката да пее, а една девојка се обиде да ѝ го земе микрофонот, пејачката изреагира

Пејачката Марија Шерифовиќ настапи во Македонија, а снимка од овој настап се споделува на социјалните мрежи.
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound – Good_boy_
Една девојка се обиде да го земе микрофонот од Марија за да може да пее со неа, но пејачката веднаш возврати. Таа накратко престана да пее и луто рече: „Мрш“, со израз на чудење јасно видлив на нејзиното лице.
Забава
(Фото/Видео) Првата прегратка по 20 години од разводот: поранешните љубовници не ја кријат својата среќа

Поранешните сопружници Чарли Шин и Дениз Ричардс присуствуваа на премиерата на филмот „Чарли Шин“. Актерите разменија пријателски прегратки на црвениот тепих, па дури и се фотографираа заедно за странските медиуми.
Што се однесува до нивните комбинации, Чарли одлучи да носи црно пругасто одело за пригодата, кое го комбинираше со обична бела кошула.
Од друга страна, Дениз избра комплет – широки панталони и краток топ во црна боја изработен од сјаен материјал. Стилот го комплетираше со минимална шминка, брановидна коса и најобична огрлица.
Ова е првото заедничко појавување на Чарли и Дениз по разводот. Претходно, на 1 април се сретнаа по повод нејзиното реално шоу, кога Шин гостуваше во една епизода.
Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Лола и Семи.
фото: принтскрин