Црна хроника
Полицаец зел поткуп од 20 евра од холандски државјанин
Полицаец зел поткуп од 20 евра од холандски државјанин на патот Маврови Анови – Дебар.
Според информациите од МВР, А.Б. (50) полициски службеник вработен во Регионален центар за гранични работи Запад, во саботата околу 16:20 часот, надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му зел поткуп од 20 евра.
Против А.Б. е поднесена пријава за злоупотреба на службената должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборниот материјал, не е причинета штета
Денеска во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото, извести МВР.
Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во скопски Аеродром, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 39-годишниот И.Ц. од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено 14-годишно девојче од село Петровец, нејзиното исчезнување го пријавил таткото
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари била пронајдена 14-годишната С.С. од село Петровец, скопско, извести МВР.
На 04.05.2024 нејзиниот татко, 47-годишниот А.С. пријавил дека се оддалечила од домот, соопшти МВР.