Свет
Трамп се потсмева со Грета Тунберг на „Твитер“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика хаос на социјалните медиуми откако објави „твит“ со кој го исмејува страсниот говор на 16-годишната климатска активистка Грета Тунберг на климатскиот Самит на ОН.
Тунберг во својот емотивен настап ги обвини светските лидери дека ја изневериле нејзината генерација со тоа што не направиле доволно за борба против климатските промени. Во говорот средношколката ги повтори зборовите „како се осмелувате“ вкупно четири пати.
„Со вашите празни зборови ги украдовте моите соништа и моето детство“, рече таа. „А јас дури и припаѓам меѓу оние кои се посреќни, на други места луѓето страдаат и умираат“.
Трамп реши на ваквиот говор да одговори со „тролање“.
„Се чини дека таа е среќна, млада девојка која се радува на својата блескава иднина. Тоа е убаво да се види!“, напиша Трамп со линк до нејзиниот говор.
She seems like a very happy young girl looking forward to a bright and wonderful future. So nice to see! https://t.co/1tQG6QcVKO
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 24, 2019
За три часа, тој доби 16.000 одговори, главно негативни.
„Доналд Трамп се потсмева со невина, млада девојка. Тоа е апсолутно одвратно“, напиша еден корисник.
Тунберг и Трамп за кратко беа заедно во иста просторија и кога тој пристигна на самитот. Американскиот претседател помина покрај неа со својата придружба, а таа го гледаше со немилосрден поглед.
Со својот активизам, Тунберг стана глобално лице на младите во борбата против климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата – тоа е рамката на мировниот предлог за кој на самитот на Алјаска разговарале рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, тврдат извори на Ројтерс запознаени со размислувањата на Москва.
Овој опис на средбата се појави еден ден откако Путин и Трамп се сретнаа во воена база на Алјаска, што беше прва средба на американски претседател и шефот на Кремљ од почетокот на војната во Украина.
Зеленски оди во Вашингтон
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре патува во Вашингтон за да разговара со Трамп за можно завршување на војната.
Трамп изјави дека на самитот не е постигнат прекинот на огнот на кој се надеваше, но во интервју за „Фокс њуз“ рече дека со Путин разговарале за пренос на територии и безбедносни гаранции за Украина, и дека „во голема мера се согласиле“.
„Мислам дека сме многу блиску до договор,“ рече Трамп, додавајќи: „Украина мора да се согласи. Можеби ќе каже ‘не’.“
Според два извора, понудата на Путин засега се темели на разговори меѓу европски, американски и украински лидери, но не е јасно дали станува збор за почетна позиција или за практично финална понуда. Трамп во саботата за својот разговор го информирал Зеленски и европските лидери.
Украинска територија за мир
Путинската визија за договор исклучува прекин на огнот пред постигнување севкупен договор, што е спротивно на барањето на Киев.
Според руската понуда, Украина целосно би се повлекла од Доњецк и Луганск, а за возврат Русија би се согласила да ги замрзне фронтовските линии во јужните региони Херсон и Запорожје, тврдат извори.
Киев претходно ја отфрли секоја идеја за повлекување од Доњецк, каде украинските сили се добро утврдени и каде градот служи како клучна одбранбена бариера.
Русија би вратила делови од Харков и Суми
Изворите тврдат дека Москва била подготвена да врати релативно мали делови територии што ги држи во северниот Суми и североисточниот Харков – вкупно околу 440 квадратни километри. За споредба, Украина контролира околу 6.600 квадратни километри од Донбас, кој ги опфаќа Доњецк и Луганск и кој Русија го смета за своја територија.
Путин би барал и барем формално признавање на руската власт врз Крим, кој го анектираше во 2014 година. Не е јасно дали тоа признавање би требало да дојде само од САД или и од сите западни земји и Украина.
Санкции, НАТО и безбедносни гаранции
Москва очекува укинување на барем дел од санкциите. Изворите не можеа да потврдат дали тоа се однесува на американските или европските мерки.
Путин би го блокирал влезот на Украина во НАТО, но бил отворен за идеја за безбедносни гаранции. Трамп во саботата на европските лидери им спомнал можност за „член 5 надвор од НАТО“ – некаква гаранција по моделот на правилото на НАТО дека напад врз една членка е напад врз сите.
Влезот во НАТО е стратешка цел на Украина, запишана и во уставот на земјата.
Јазик и Руската православна црква
Според изворите, Русија би барала и официјален статус на рускиот јазик во делови или во цела Украина, како и право Руската православна црква слободно да делува.
Украинската служба за безбедност ја обвини црквата поврзана со Москва дека помага на руската агресија преку ширење пропаганда и криење шпиони, што црквата го негира тврдејќи дека ги прекинала врските со Москва. Украина донесе закон за забрана на верски организации поврзани со Русија, но тој сè уште не стапил на сила.
Свет
Објавено писмото што Меланија му го испрати на Путин, Трамп лично му го врачи

„Фокс њуз“ го објави писмото од првата дама на САД, Меланија Трамп, кое лично му го достави американскиот претседател Доналд Трамп на Владимир Путин за време на самитот во Алјаска.
Ја пренесуваме содржината на писмото во целост:
„Почитуван претседателе Путин,
Секое дете носи исти тивки соништа во своето срце, без разлика дали е родено во скромен рурален пејзаж или во прекрасен градски центар. Тие сонуваат за љубов, можности и заштита од опасност.
Како родители, наша должност е да ја негуваме надежта на следната генерација. Како лидери, нашата одговорност за иднината на децата оди подалеку од удобноста на малкумина. Нема сомнение дека мора да се стремиме да обликуваме свет исполнет со достоинство за сите – за секоја душа да може да се разбуди во мир и за самата иднина да биде совршено заштитена.
Едноставна, но длабока мисла, господине Путин, со која сум сигурна дека се согласувате, е дека потомците на секоја генерација го започнуваат својот живот со чистота – невиност што стои над географијата, владата и идеологијата.
И сепак, во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивки насмевки, недопрени од темнината околу нив – тивок гест на пркос против силите што можат да им ја одземат иднината. Господине Путин, вие самите можете да им го вратите мелодичниот смев.
Со заштита на невиноста од тие деца, ќе правите повеќе отколку само да ѝ служите на Русија – ќе му служите на самото човештво. Таквата смела идеја ги надминува сите човечки поделби, а вие, господине Путин, сте човекот способен да ја реализирате таа визија со еден потег на пенкалото денес.
„Време е“, се вели во писмото на Меланија Трамп до рускиот претседател.
Како што објави Ројтерс вчера, за време на состанокот, Трамп лично му го предаде на Путин писмото од неговата сопруга.
Меланија Трамп, родена во Словенија, не патуваше со американскиот претседател во Алјаска.
Свет
Мелони планира да присуствува на средбата меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го најавува своето учество на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, закажана за 18 август во Вашингтон.
Според италијанските медиуми, нејзината намера е да ја покаже сопствената улога во решавањето на украинската криза, која, според нив, се разликува од пристапот на другите европски лидери.
Во исто време, владите на Германија, Франција и Велика Британија треба да одлучат еден ден порано, на 17 август, дали нивните лидери – канцеларот Фридрих Мерц, претседателот Емануел Макрон и премиерот Кир Стармер – ќе патуваат во Соединетите Држави на истата средба. Според достапните информации, западните сојузници се обидуваат да настапат на координиран начин и да избегнат впечаток за паралелни или демонстративни состаноци, но сè уште не добиле официјална покана за Вашингтон.
Од друга страна, украинскиот пратеник Артем Дмитрук изрази сомнежи во намерите на Зеленски, тврдејќи дека тој ќе ги искористи сите можни политички потези за да ја задржи власта, и додаде дека претседателот повеќе не ја претставува волјата на мнозинството Украинци во процесот на барање мир.
Некои медиуми претходно објавија дека е најавен трилатерален состанок, на кој, покрај Трамп и Зеленски, ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.