Забава
Децата на Никол Кидман ја избрале Сциентолошката црква наместо неа
Никол Кидман (52) и Том Круз (57) со години не се во добри односи, а холивудската ѕвезда вели дека нејзиниот поранешен сопруг и децата, наместо неа, ја избрале Сциентолошката црква.
Кидман немала добар однос со децата и не била со нив додека растеле од моментот кога станале поборници на сциентологијата како татко им. Сега таа се обидува да се помири со тоа.
„Мајчинството е како патување. Исто така, има подеми и падови, без оглед дали посвојувате бебе или раѓате. Она што му треба на детето е љубов. Избраа да бидат сциентолози. Наше е како родители да им дадеме безусловна љубов“, рече Никол во интервјуто за „Сан“.
Никол од бракот со Круз има две посвоени деца, Изабел (26) и Конор (24).
Минатата година имаше шпекулации дека ѝ е забрането да присуствува на свадбата на нивниот син Конор и неговата свршеница Силвија, која е водач на италијанскиот разгранок на Сциентолошката црква. Таа има минимален контакт со ќерка си Изабел, која живее во Лондон, но без оглед на тоа, Никол истакнува дека сè уште ги сака и поддржува своите деца.
Кидман, која има уште две деца со својот втор сопруг и музичар, Кит Урбан, верува дека научила да го прифати нивниот начин на живеење.
„Не станува збор за ништо друго, освен: ‘Јас сум тука да ве сакам и да ве поддржувам’“, рече 52-годишната актерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.