Свет
УЕФА бара бојкот на Иран и Саудиска Арабија додека не им дозволат на жените да следат натпревари
Европската фудбалска федерација ги повикува земјите членки да ги бојкотираат натпреварите со клубовите и екипите од Иран и Саудиска Арабија сè додека тие држави не дозволат жените да одат на натпревари.
Александар Цеферин, претседател на УЕФА, ги коментира наодите од состанокот на извршниот комитет во неговиот дом во Љубљана објаснувајќи ја препораката 55 земји да престанат да играат натпревари против држави што не дозволуваат жените да влегуваат на стадиони.
„Знаеме дека две држави не дозволуваат мажите и жените заедно да гледаат натпревари, не можеме да казниме никого, но тоа не значи дека мора да молчиме, затоа нашиот совет до 55 држави и сите клубови е да се осигуриме дека нивните тимови не играат во овие земји или против тимови од овие земји каде што не се почитуваат основните права на жените“, рече тој.
Контроверзноста се појави во врска со одржувањето на италијанскиот Суперкуп во Џеда, Саудиска Арабија. Вториот инцидент се случи кога една жена во Иран се запали, а подоцна почина кога беше уапсена и обвинета за обид да влезе, преправена како маж, на натпревар на стадионот „Азади“ во Техеран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

