Македонија
Министерот Исмаили го отвори 13. Меѓународен семинар за албанологија во Тетово
Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска се обрати на отворањето на 13. Меѓународен семинар за албанологија на Универзитетот во Тетово. Поздравувајќи ги, како што рече, најостроумните луѓе на албанолошките науки во регионот, министерот Исмаили зборуваше и за значењето на албанологијата за сите Албанци, не само за оние кои живеат во Република Северна Македонија.
„Кога велам дека овој семинар не е важен само за албанологијата и само за Универзитетот во Тетово, го имам предвид фактот дека за Албанците во Македонија развојот на албанологијата не е само научно прашање, туку е прашање на идентитет и култура. Една нација која има јавен универзитет и која успева да создаде традиционален научен настан од оваа димензија, сведочи за нејзината сериозност и за нејзиното сериозно присуство во овој географски простор, но и во академскиот простор. На овој начин нашето Тетово и нашиот универзитет докажуваат дека, како и во Приштина и во Тирана, албанологијата е еднакво развиена и кај Албанците во Македонија“, истакна министерот Исмаили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.