Свет
Лукашенко е подготвен да преземе контрола над украинско-руската границa
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да се вклучи во напорите за решавање на кризата во Донбас, да испрати миротворци и да ја преземе контролата над украинско-руската граница, пренесува ТАСС.
„Ако постои желба да влеземе и да ги затвориме тие 400 км граница што ги дели Украина и Русија, а која Киев во моментот не ја контролира, ќе го направиме тоа“, рече тој.
Лукашенко истакна и дека конфликтот на југоистокот од Украина за него претставува голем проблем, но дека е подготвен да испрати миротворци, граничари трупи.
„Ние сме подготвени да го затвориме тој дел од границата ако постои согласност од двете страни“, рече белорускиот претседател.
Лукашенко рече и дека се придржува до принципите за единствена и неделива Украина и дека Минск ќе продолжи да пружа максимална поддршка за решавање на конфликтот во Донбас. Тој потсети на војната во Југославија која доведе до распарчување на земјата.
„Така е полесно да се управува. Размислете, кому му е во интерес Украина да не биде Украина“, рече тој .
Лукашенко потсети дека честопати го критикувал поранешниот украински претседател Петро Порошенко дека не презел ништо за да ја спречи војната во земјата.
„Во вашата земја во тек е војна, мора да го решите овој проблем“, истакна тој.
Белорускиот лидер посочи дека ситуацијата во Украина се сменила, особено по претседателските избори и изрази надеж дека ќе одржи средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Но мора да знаете: ние нема да ги наметнуваме мировниците ниту нашето посредување. Ако е потребно, ние сме подготвени да играме одредена улога. Но, вашиот поранешен претседател ги отфрли овие понуди“, истакна Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

