Свет
САД воведоа санкции за Раул Кастро и неговите деца
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за Раул Кастро и неговите деца како нов притисок врз Куба поради поддршката кон претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
„Како прв секретар на Вооружените сили на Куба, Кастро е одговорен за поддршката на режимот на поранешниот венецуелски претседател Мадуро преку насилство, застрашување и репресија“, наведе во соопштението американскиот државен секретар Помпео повторувајќи го ставот на Вашингтон дека Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.
Помпео тврди дека кубанските безбедносни сили, во договор со војската на Мадуро и разузнавачките служби, биле вмешани во грубо кршење и злоупотреби на човековите права, вклучувајќи и тортура, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
Свет
Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади
Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.
Регион
Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.