Македонија
Скопската зоолошка градина в година ќе стане дел од Европската асоцијација на зоолошките градини

Зоолошката градина Скопје во 2020 година ќе стане дел од Европската асоцијација на зоолошките градини (ЕАЗА). Минатиот викенд во Шпанија, Валенсија, се одржа годишната конференција на асоцијацијата, каде што европските членки ја донеле одлуката за членството.
Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, по тој повод изјави дека работат напорно бидејќи да се биде членка на асоцијацијата е голем престиж.
„Нам уште на почетокот цел ни беше што побргу да имаме европска зоолошка. Нашата делегација се врати со позитивна вест од Шпанија. Европските членки одлучиле во 2020 година скопската зоолошка да има скрининг и да биде првата од балканските зоолошки што ќе влезе во ЕАЗА. Посветено работиме на условите што ни ги поставува Европа. Носиме нови животни, реновираме живеалишта, работиме на безбедноста на постителите и животните. Моите очекувања беа до 2022 да успееме, но ако нè примат во 2020, тоа ќе биде голем успех и Скопје ќе има зоолошка под ѕвездата на Европа“, изјави директорот Галетановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ викендов организира Саем за отчет на градоначалниците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, најави дека на 23 и 24 август во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на кој градоначалниците од оваа партија ќе го презентираат сработеното во изминатиот мандат.
Настанот ќе почне во сабота во 11 часот со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на двата дена ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои градоначалниците, поделени по региони, ќе ги претстават реализираните проекти.
Секоја општина ќе има и свој штанд на кој граѓаните и новинарите ќе можат директно да се запознаат со постигнувањата на локалната власт.
Во недела програмата ќе продолжи од 10 часот, со панели посветени на темите: „4 години развој и прогрес“, „инфраструктурни инвестиции“, „вклученост на граѓаните во носењето одлуки“ и „меѓународна соработка“.
„Разликата меѓу општините во 2021 и денес е огромна и мерлива. Ветените и реализирани проекти ја покажуваат посветеноста и одговорноста на нашите градоначалници,“ изјави Сајкоски, додавајќи дека со овој отчет ВМРО-ДПМНЕ ја покажува отчетноста и транспарентноста кон граѓаните.