Црна хроника
Жител на Кучевиште физички се пресметал со соселанец, по што посегнал и по оружје

Жител на селото Кучевиште на возраст од 22 години во скопската полиција пријавил дека на 16. септември по полноќ, во угоситителски објект во селото, бил физички нападнат од 23-годишен соселанец, кој и претходно му се заканувал.
По овој инцидент, се случил и друг во близина на домот на 20-годишник од селото, кој бил заедно со претходно нападнатиот. Пријавениот 23-годишник со автомобил дошол во нивна близина и испукал неколку куршуми од огнено оружје, по што го напуштил местото.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Mлада девојка возела пијана, направила сообраќајка, па побегнала – МВР ја приведе

Приведена е радовишанка, којаштов возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопшти МВР.
Се работи за 19-годишна девојка Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш, управувајќи автомобил предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ во Охрид

Велосипедист од Охрид се здоби со тешки повреди, во сообраќајка што се случи вчера на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Во несреќата учествувале „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22) од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид.
Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Струмичко: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.В. од село Добрејци, струмичко.
При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.