Македонија
Во една вечер скопската полиција казни 28 возачи под дејство на алкохол
Скопската сообраќајна полиција од 23:00 часот синоќа до 05:00 часот утрово спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Притоа санкционирани биле 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Во текот на вчерашниот ден, (28. септември) на подрачјато на Скопје санкционирани биле и четворица возачи на мотори, а откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, објави дека предложиле цената по километар од 70 да се зголеми на 100 денари, од први декември до мај следната година. Напомена и дека зголемувањето нема да значи зголемување на цената на билет што ја плаќаат граѓаните.
Стојановски очекува утре или задутре да се одржи вонредната седница и заедно со останатите советници да го изгласаат предлогот.
Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изрази надеж дека од понеделник, наместо блокади, тие ќе возат на скопските улици.
„Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже Градот во однос на ова и кога ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје“, додаде Зафировски.
Предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за Зафировски е одлична времена мерка, а очекува во иднина да се изгласа трајно решение.
Приватните превозници вчера и денес не сообраќаа во знак на револт откако на седницата на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.
Македонија
Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари средба со британскиот комесар за трговија за Европа, г. Крис Бартон, како и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, г. Метју Лосон.
На средбата се разговараше за можностите за зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за енергетска стабилност, независност и зелена енергетска транзиција.
Министерката Божиновска го истакна значењето на британската поддршка и посочи дека нашите цели се модернизацијата на енергетската мрежа, подобрувањето на капацитетите за складирање електрична енергија и унапредувањето на обновливите извори на енергија. Од британска страна беше потенцирана подготвеноста за вложувања и поддршка на реформите во енергетиката, како дел од заедничките заложби за намалување на емисиите на штетни гасови и обезбедување на одржлива енергија.
Бартон, кој ја посети Македонија по трет пат, ја нагласи важноста на партнерството меѓу двете земји, додека амбасадорот Лосон истакна дека Велика Британија и Македонија веќе успешно соработуваат во неколку клучни области, а енергетиката е стратешки приоритет за понатамошно продлабочување на односите.
Оваа средба претставува значаен чекор кон отворање нови можности за инвестиции и зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Велика Британија, со цел градење стабилна, независна и зелена енергетска иднина.
Македонија
Битиќи: Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите
Владата да обезбеди правичност и системски пристап во зголемувањето на платите на работниците, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, поставувајќи пратеничко прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Посочувајќи на контрадикциите во предложениот Буџет за 2025 година, Битиќи истакна дека бруто платите за 359 вработени во Владата се предвидени да се зголемат за речиси 54%, од 90.488 денари на 137.226 денари, со нето просечни плати кои ќе достигнат 90.000 денари. За вработените во новоформираното Министерство за енергетика, се предвидува просечна нето плата од 105.000 денари.
„СДСМ и идеолошки а и принципиелно секогаш е за зголемување на платите и го поздравува секое унапредување на правата на работниците и работничките – но не’ зачудува тоа што за вработените во Собранието е предвидено е намалување на платите, што дополнително отвора прашања за принципите на правичност и усогласеност при планирањето на буџетот“, рече Битиќи.
Битиќи истакна дека за јавноста е клучно да разбере како Владата ги дефинира приоритетите при планирањето на буџетот и кој е принципот што води до овие големи разлики во пристапот кон различни категории на вработени. Притоа тој потсети дека Владата го отфрли предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе овозможеше подобрување на животниот стандард на над 22.000 работници.
„Кои се принципите што ги следите во распределбата на јавните средства и планирањето на платите? Како се осигурува правичноста и транспарентноста при дефинирањето на приоритетите, особено кога гледаме големи разлики помеѓу различните сектори? Како Владата планира да обезбеди системски мерки кои ќе го подобрат стандардот на сите граѓани, а не само на одредени категории во јавниот сектор?
И чуму ваков, ад-хок пристап на зголемување на платите на неколку институции, наместо изнаоѓање на системско решение“, праша пратеникот Битиќи и појасни дека како пример треба да се земе Општиот колективен договор за јавниот сектор, во кој минатата година заедно со Сојузот на синдикатите на Македонија се поставија основите за просечната плата да биде „коефициентот 1“ за платите во јавниот сектор од јануари 2025-та година.