Регион
Почна преместувањето на мигрантите од островот Лезбос
Вкупно 215 мигранти се префрлени рано утрово од прифатниот центар „Морија“ на Лезбос во пристаништето Пиреј, јави грчката новинска агенција АНА.
Мигрантите потоа со автобуси треба да бидат префрлени во сместувачки објекти на Атика и Пелопонез.
Преместувањето на мигрантите следува кога во саботата загинаа две лица, а 17 беа повредени во пожар и немири, кои потоа избувнаа во прифатниот центар за бегалци и мигранти „Морија“.
Грчката влада вчера на седница одлучи да ја зајакне безбедноста на границите и да изгради центри од затворен тип, во кои би биле сместени мигрантите што не поседуваат документи, како и азилантите чии барања се одбиени и треба да бидат депортирани. Грчката влада соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат депортирани 10.000 мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа, меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната, значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментот не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километра на час.
Регион
Во Црна Гора во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.