Македонија
Прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денес ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума како дел од сетот превентивни активности што ги презеде во изминативе две години со цел создавање услови за добивање дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде што растат и побарувачката и цената на овој тип месо.
Очекувањата на АХВ се дека реално со пласман на првите количини свинско месо од земјава може да се почне во 2021 година, односно најмалку една година откако земјава ќе престане со превентивната вакцинација на свињите, мерка што е забранета во ЕУ, а каде што болеста е успешно искоренета и ставена под контрола.
Во 2018 година спроведен е вонреден, а годинава и редовен попис на одгледувачниците во рамките на кој се евидентирани 2.315 свињарски фарми со 125 илјади товеници.
Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите години спроведуваше мониторинг на ефикасноста на извршената вакцинација против класична свинска чума кај свињите во комерцијалните фарми и го мониторира и присуството/отсуството на вирусот на болеста и кај популацијата на дивите свињи. За оваа намена се вршеа лабораториски испитувања на отстреланите диви свињи од страна на ловните друштва со кои АХВ има склучено договори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.