Македонија
Трајчо Димков поднесе оставка од Комисијата за селекција и избор на работници од УБК и АНБ
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, поднесе оставка од местото член на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност. Според него, изборот на кадри за АНБ бил компромитиран од самиот почеток и според него целиот процес бил фарса.
„Изборот на кадри за АНБ беше компромитиран од самиот почеток и повеќе се базира на субјективни па дури и политички наместо на објективни, јасни и однапред утврдени критериуми. Мојот впечаток е дека целиот процес беше фарса, односно имаше цел да даде некакво покритие за претходно донесени одлуки за кадрите што би влегле во АНБ. Според мене, имаше неколку клучни моменти врз основа на кои се направи ваков избор, односно не се постапи во согласност со новиот закон за АНБ. Не се реализира тестот за интегритет, кој требаше да се спроведе во согласност со законот за АНБ, ниту се постапи во согласност со информацијата на Државната комисија за спречување корупција во однос на судир на интереси при вработувањето. Исто така, од неразјаснети причини не се реализира ниту предвиденото полиграфско тестирање“, вели Димков.
Според него, клучен момент при селекцијата било и оценувањето на вработените од страна на нивните претпоставени. Тука, додава тој, беа спорни и кредибилитетот на оценувачите и нејасните критериуми за оценување, а од тоа произлезе субјективноста при оценувањето, која сериозно влијаела на изборот на кандидати.
Тој вели дека за сите овие пропусти навреме реагирал во текот на процесот на селекција.
„Врз основа на погоре наведеното, но и на голем број реакции на лица и медиуми, кои отворено ги нотираа пропустите, чувствувам обврска да се повлечам, односно да поднесам оставка. Потребни се реформи во безбедносниот сектор, кои ќе резултираат со ефикасни и професионални служби. Се плашам дека во моментот со ваквиот начин на работа, само се оддалечуваме од крајната цел, односно се креира нова една институција, во која уште од самиот почеток довербата е дискутабилна“, вели Димков.
Според него, потребно е да се формира нова комисија бидејќи, како што вели, постојната веќе го загубила кредибилитетот. Исто така, тој смета дека треба да се ревидира начинот на вршење безбедносни проверки за да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

